Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Зеленски: Клучно е САД да не го извлечат Путин од политичката и економска изолација

0
By Zoran Ivanov on March 27, 2025 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Клучно е САД да не го извлечат рускиот претседател Владимир Путин од политичка и економска изолација, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во разговор за „Eurovision News“, а пренесува „Кијив Индипендент..

Потегот на Зеленски доаѓа откако Русија и Украина се согласија на делумен прекин на огнот со посредство на САД за нападите врз енергетската инфраструктура и непријателствата во Црното Море. Во замена, САД се согласија да го прошират рускиот пристап до глобалните пазари.

Многу е важно Америка да не му помогне на Путин да излезе од оваа глобална изолација. Верувам дека тоа е опасно. Ова е еден од најопасните моменти, рече Зеленски.

Тој тврди дека Путин се надева дека „ќе остане на власт до својата смрт“, но и дека неговите амбиции не се ограничени само на Украина, туку може да доведат до „директна конфронтација со Западот“.

Зеленски ги повика САД и Европа да останат обединети во вршењето притисок врз Путин.

Рускиот лидер се плаши од европско-американскиот сојуз и се надева дека ќе го подели. Путин се плаши и од сопствената смртност. „Тој наскоро ќе умре, тоа е факт и се ќе биде готово“, додаде Зеленски.

Во изјавата објавена по последната рунда разговори со руските претставници во Саудиска Арабија, САД ветија дека ќе ги ублажат некои економски ограничувања за Русија како дел од договорот за ограничен прекин на огнот.

Зеленски рече дека ограничениот прекин на огнот во Црното Море е „дефинитивно чекор кон завршување на војната“, но ја истакна посветеноста на Украина за неодреден прекин на непријателствата.

Генерално, бевме подготвени за целосен прекин на огнот“ заклучи тој.

 

војма Зеленски преркин Путин
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.