Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека неговата земја би можела да им обезбеди на САД „илјадници дронови“ ако Вашингтон им дозволи да „користат ракети Томахавк“.
Затоа ова е место каде што можеме да соработуваме, каде што можеме да го зајакнеме американското производство, изјави Зеленски за новинарите пред средбата со американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа, објави Си-Ен-Ен.
Американскиот претседател рече дека САД потенцијално би биле заинтересирани за овој предлог и го пофали производството на ова оружје во Украина.
Имаме многу дронови во моментов. Ние ги правиме нашите сопствени дронови, но исто така купуваме дронови од други, а тие (Украина) прават многу добри дронови, рече Трамп.