Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека земјата ќе отвори „книга за крвниците“, што всушност претставува систем за собирање на докази за воени злосторства за кои Киев тврди дека биле извршени за време на руската окупација.
Украинското обвинителство соопшти дека се евидентирани над 12.000 воени злосторства во кои се осомничени повеќе од 600 лица, по почетокот на русската инвазија на Украина на 24 февруари.
„Следната недела ќе биде објавена специјална публикација „Книга на крвниците“, систем што ќе собира податоци за воените злосторства и криминалците од руската армија“, рече Зеленски во најновата видео порака.
Според неговата забелешка, оваа книга ќе биде клучниот елемент во неговото барање за одговорност на руските војници за, како што велат, украинските убиства, силувања и грабежи.
„Тоа се конкретни факти за конкретни лица, виновни за конкретни сурови злосторства против Украинците“, рече Зеленски, споменувајќи го киевското предградие Буча, каде, според истражителите, беа пронајдени докази за масовни егзекуции.
Русија тврди дека во „специјалната воена операција во Украина“ направила се за да избегне пукање врз цивили.