Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Земја на лилипутанци

0
By Биљана Секуловска on February 16, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ова е мала земја, во која живеат и некои мали, алчни, морално закржлавени луѓе. Партиските луѓе, директорите на државните фирми, функционерите, сите тие лилипутанци, сите што сега дојдоа на власт, можат да си дозволат еден нов, прекрасен свет, во кој нема место за обичните луѓе, за другите. Подоцна ќе видиме дека тие другите, се многу, многу поголемите.

Но, моралните џуџиња, добија се- тендери, проекти, скапи, нови, убави, сјајни  автомобили, телешки мебел, за почеток на изживувањето. Затоа што тие купените во време на Груевски, повеќе не се посакувани, моќни, со новата партиска боја, онакви какви што сега мислат дека им требаат. Тие се измачкани со потта на нивните претходници, со солзите на нивните поранешни сопственици што мораа да заминат по судовите и притворите, но и со крвта на рацете на тогашните работници. Чии имиња никој не ги знае, кому и му се важни, кога одвојувале, кога правеле сè, кога давале сè од себе за тогашните, сегашните, идни директори, функционери. За важната господа.

Кој вели дека сме сиромашни и мали? Нашите функционери имаат доволно тефтери, кожни, убави, мазни, светкави, рапави, блескави тефтери, многу тефтери. Тие во нив ги имаат запишано сите. Сите свои сопатници низ животот. Браќа, сестри, деца, кумови, сватови, таму имате секакви имиња. Таму ги имате нивните најважни имиња.

И таму мастилото капе од потта на нивните претходници. И во тие тефтери се размачкале солзи на довчерашните, кои сега повеќе не можат да вработуваат свои, нивни, најмили. И по некоја капка крв ќе сретнете во тие тефтери, само тоа останало од работниците кои им ги носеле, кои им ги заработувале и потоа им ги принесувале. Да ги испишат сите редови до еден, полека, педантно, грижливо, со везени, округли букви, имињата, презимињата, функциите, кој каде ќе работи, во која државна служба, која пустелија ќе ја напушти, за да дојде во големиот град.

За да ни се насели на рамениците, врз главата, да ни седи на темето, да ни ги затвора очите, потоа устата, па ушите, да не сплеткува така довека, да ни ги врзува нозете, рацете, да ни ја откорне главата, да ја потрфли некаде, затоа што ова замислиле дека ова не е сиромашна земја. Ова е мала земја, создадена само за мали, но бесни, алчни луѓе.

Тука можеме сите да се населиме врз секого, во секого, да се напикаме под кожата, да ја присобереме облеката врз двете тела, трите ако собере, да им ги искинеме џебовите, да им ги земеме последните жолти денарчиња, да живееме на сметка на работниците, на оние кои ги зaработуваат долгите автомобили, телешкиот мебел, тефтерите со златен повез, на оние кои и онака не се вредни да ги споменуваме.

Не сме мала, сиромашна земја, за тоа се сложивме, земја која нема доволно амбулантни возила за брза помош, или оние кои сепак ги имаме не се соодветно опремени, ние сме земја во која нема ниту доволно медицински кадар, ниту пак соодветно обучен, да одговори на ургентни, тешки, сложени ситуации, во трагедии, како оваа што ни се случи кај Ласкарци.

Ние немаме ништо, освен што сме станале ништо, само што некои се плашат да го соопштат тоа, некои се срамат да го признаат тоа, некои се незаинтересирани да зборуваат за тоа.

Трагедијата која ни се случи кај Ласкарци во која загинаа 14 луѓ,е ни донесе многу, огромна болка. Но и со една задача, со која ќе мора да се соочат луѓето на власт- да дадат одговори и решенија на сите прашања и приоритетите во оваа земја. Пред се, колку сме мали, ситни, стопени, сиромашни. А тие почнаа да стануваат сè повеќе безобразни, колку повеќе ние осиромашуваме. За почеток, тие одговори ни ги должат. Малите, најмалите, лилипутанците вредни за презир.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИОМ: Најмалку 50 мртви кога брод со судански бегалци се запали крај либискиот брег

September 16, 2025

САД ги укинаа визите за Унгарците

September 16, 2025

ЕУ до Израел: Прекинете ја офанзивата во Газа

September 16, 2025

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: „Марш на ангелите“ – шест месеци без правда за Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Вечерва во Скопје на плоштадот Македонија, по повод шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс“…

Рама: За 11 месеци Албанија отвори 28 поглавја со ЕУ

September 16, 2025

Кочани: Шест месеци болка и тага – државата да престане да се крие зад сопствениците на објектот „Дискотека импровизција“

September 16, 2025

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

September 16, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИОМ: Најмалку 50 мртви кога брод со судански бегалци се запали крај либискиот брег

September 16, 2025

САД ги укинаа визите за Унгарците

September 16, 2025

ЕУ до Израел: Прекинете ја офанзивата во Газа

September 16, 2025

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.