Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Земјиштата што телохранителот на Мицкоски ги продал за половина милион евра ги добил како подарок

0
By НОВА ТВ on November 17, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Телохранителот на Христијан Мицкоски, Влатко Илиевски, кој со еден купопродажен договор, продал пет парцели на ЕВН Електрани во вредност од половина милион евра, истите ги добил како подарок само две-три недели претходно.

Во период од први до деветти септември, Илиевски како дар добил пет парцели со вкупна површина од околу 40 илјади метри квадратни. Потоа, како што истакна денес пратеничката од СДСМ, Слвајанка Петровска, тој ова земјиште го продал на ЕВН Електрани за сума од половина милион евра.

Првите два договора биле склучени на први септември, кога на име на Илиевски се впишани две парцели. Едната ја добива на подарок од страна на З.К. од Делчево, кој му отстапува парцела во Блатиште со површина од 4717 метри квадратни. Уште истиот ден, Илиевски на подарок добива парцела од Ж.Д. од Виница, исто така во Блатиште, на површина од 6095 метри квадратни.

Шест денови подоцна, Иливски повторно прима недвижен имот за подарок. Овојпат подарокот доаѓа од З.М. од Делчево, која отстапува парцела во „Длги ливади“ на површина од 4113 метри квадратни.

После само два дена, на 9-ти септември, телохранителот на Мицкоски станува сопственик на ново земјиште. Подароците се од М.Ф. од Кочани, кој поседувал парцела во „Чукарот“ на површина од 16007 метри квадратни, како и од К.А. од Делчево, кој на Илиевски му препишува парцела во „Длги ливади“ на површина од 7311 метри квадратни.

Дарувачите во секој од договорите истакнуваат дека имотот го остапуваат при чиста свест, добра волја и без присила, а Илиевски се обврзува да го плати данокот за пренос на сопственоста, со што станува сопственик на земјиштата.

Тој пак, само две недели подоцна, целиот овој имот го продава за половина милион евра на ЕВН Електрани, токму пред почетокот на кампањата за локалните избори. Претходно во текот на денот пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска обвини дека неколку лица, сите поврзани со ВМРО-ДПМНЕ купиле или добиле на дар парцели земјиште во општина Делчево, сите вредни околу 40.000 евра, а истите парцели само две-три недели подоцна ги продале и за 40 пати повеќе од пазарната вредност или за вкупно 1,6 милиони евра.

Таа додаде дека на површина испливал голем скандал кој директно води до Белиот дворец и луѓе блиски на Христијан Мицкоски.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.