Нешто пред девет часот утринава земјотрес го погоди подрачјето близу Сплит, епицентарот бил на 19 километри од Сињ.
Локалното население јавува дека потресот траел 20-тина секунди, но нема информации за материјална штета или повредени.
Сеизмолошката служба јавува дека потресот бил на 38 километри северозападно од Сплит, 15 километри јужно од Ливно, на границата меѓу БИХ и Хрватска.
Силата на потресот била 4,9 степени според Рихтер, а епицентарот бил на длабочина од два километри.
Потресот во Хрватска бил почувствуван долж Далмација, во околината на Сињ, Сплит, до Хвар и Метковиќ, каде со оглед на силината на потресот можни се материјални штети.