Силен земјотрес со интензитет од 6,8 степени по Рихтер синоќа го погоди крајбрежјето на Јапонија, североисточно од Токио, во близина на нуклеарната централа „Фукушима“, a властите вршат проверка на нуклеарните централи.
Епицентарот на потресот бил на десет километри под површината на морето.
По земјотресот јапонската метеоролошка агенција објави предупредување за опасност од цунами долж северното крајбрежје на земјата, но подоцна истото беше повлечено.