Силен земјотрес го погоди Тајван денеска. Едно лице го заогуби животот, а барем 18 други се повредени. Земјотресот, кој беше со јачина од 6,3 степени, предизвика купувачите во паника да истрчаат од повеќекатните продавници. Тој ја погоди централната провинција во Тајван Нантоу, но се почувствува и 700 километри подалеку во Хонг Конг.