Атина: Утрово, на третиот крак на Халкидики, на Света Гора, регистрирана беше серија земјотреси со јачина од 1,8 до 4,6 степени според Рихтер. Земјотресите биле забележани во период од околу 40 минути, согласно податоците од Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија.
Првиот земјотрес имал јачина од 3,1 степени, а потоа следел втор со јачина од 3,8 степени. Околу 20 минути подоцна, бил регистриран уште еден, посилен земјотрес со јачина од 4,6 степени.
Не се пријавени повредени лица или материјална штета до овој момент.