Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Зградата на „Еуростандард“ понудена на аукција за 8,4 милиони евра

0
By Соња Крамарска on February 22, 2023 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Деловната зграда на Еуростандард банка, со површина од околу 4.000 квадратни метри е понудени на аукција, а нејзината проценета вредност е околу 8,4 милиони евра.
Здружението на оштетени штедачи на Еуростандард банка реагира дека обвинителството молчи, а имотот се продава.

„И додека обвинителството упорно молчи за организираниот криминал во Еуростандард банка, за продажба стигна и главната зграда на банката во строгиот центар на град Скопје. Понудена е за продажба на сите заинтересирани субјекти на објавениот објавениот оглас. Таа е една од малкуте останати вредни имоти кои не се украдени поради фактот што не можела и физички да биде украдена додека била и останала во сопственост на самата банка. Но, нејзината вредност останува да биде како утеха за оштетените депоненти, граѓани и фирми, дека сепак има останато нешто вредно од банката и дека не е се украдено“, велат од Здружението.

Оттаму обвинуваат за „можното соучество на некои високо позиционирани политичари, банкари и сопственици на фирми „во грабежот на Еуростандард банка“ и велат дека „можно е одлуката од обвинителството да почека подобри времиња кога навистина ќе сакаат да застанат на страна на граѓаните, а против криминалот“.

„Лоцирана во строгото централно подрачје на град Скопје, со својата грандиозност и привлечност, главната зграда на Еуростандард банка беше симбол за стабилност и сигурност, верба во банкарска институција со која може да се соработува. И покрај фактот што во банката се случувал долгогодишен масовен грабеж на депозити без истиот да биде навремено спречен и санкциониран од Народната банка и останатите надлежни институции на прогонот, централната главна зграда на Еуростандард банка како градба останува да зрачи со својата атрактивност и привлечност. Најновата официјална проценка за вредноста на зградата вели дека нејзината сегашна пазарна вредност е во висина од околу 520 милиони денари или околу 8,4 милиони евра“, пишува во соопштението.

Здружението забележува дека таа е една од малкуте вредни имоти кои останаа во рамките на стечајната маса и која сега се нуди за продажба.

„Тоа е можност за сите заинтересирани домашни и странски субјекти навремено да достават банкарска гаранција или да извршат уплата на депозит за учество на јавната електронска продажба на зградата согласно условите наведени во огласот. А огласот кажува дека електронското надавање за главната зграда на банката е закажано и ќе се случи на 15 март оваа година. Сите оштетени депоненти од Еуростандард банка посакуваат успешно идно користење и бериќет на најдобриот понудувач и купувач на зградата“, велат од Здружението на оштетни штедачи на Еуростандард банка.

 

Еуростандард банка Здружение на оштетени штедачи продажба на главна зграда
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.