Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Жак Брел – бунтовникот кој го препеаа и најславните пејачки имиња

0
By Нова ТВ on July 19, 2014 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Автор: Михаил Мице Бошковски

Жак Брел е белгиски шансониер, текстописец и актер. Роден е во 1929 г. во околината на Брисел во семејство со фламанско потекло. Татко му бил косопственик на фабрика за картон, па имал желба неговиот син да го наследи бизнисот.

Во почетокот работите се одвивале според желбата на татко му. Младиот Брел, првин се вработил во фабриката а потоа и се оженил во 1950 г. со Тереза Мишилсен со која има три ќерки.

Но, нескротливиот темперамент на Брел полека излегува на површина. Тој, едноставно се побунува притив општата малограѓанштина што го опкружувала, против лажниот морал и црковните стеги, против државата што ги прикажувала нештата такви какви што не се, истовремено сакајќи да се избори за слобода на духот, мислата и правото за сопствено сфаќање на животот и љубовта.

За остварување на овие свои идеали Брел го користи своето моќно оружје – музиката и поезијата. Првин се обидува во татковината, но тоа не му е доволно. Тој сака поголема афирмација и во средината на 50-тите доаѓа во Париз.

Во почетокот настапува по локалните кабареа за да заработи за основните животни потреби. Неговите настапи се посебно впечатливи. Тој искрено и целосно и се предава на интерпетацијата. Обично пее за вистински случки и за вистински личности дожувувајќи ги на сцената со многу страст и себепредавање, а публиката знае тоа да го цени и награди.

Затоа и многу бргу напредува и станува популарен во париските кругови особено по издавањето на вториот студиски албум „Quand Ha n’a Que L’Amour“ (1957 г.). Кога материјално се стабилизира, го повлекува семејството од Брисел во Париз и во следните десет години има извонредно успешен период.

Издава 12 студиски албуми и два концертни од настапите во „Олимпија“. Во овој период интензивно настапува и одржува и по 300 концерти годишно. Гостува и во тогашниот СССР и САД и посебно во земјите на француското говорно подрачје.

Во овој 10-годишен период се смета дека продал околу 25 милиони сингл и околу 10 милиони ЛП плочи. За негови поуспешни хитови се сметаат насловите: „Amsterdam“, „Madeliene“, „Le Meribound“, „Les Bonbons“, „Le Plat Pays“, „Matilde“, „Jef“, „Le Chanson Des Vieux Amants“ и секако најпознатата и најпопуларна негова песна „Ne Me Quitte Pas“ („Не ме напуштај“ која се смета за една од најдобрите љубовни шансони, воопшто во светски размери.

Се претпоставува дека е снимена во преку 400 верзии и препеана на 20-тина јазици (на англиски има неколку препеви од кои најпознат е „If You Go Away“(„Ако си заминеш“), потоа има препеви на фламански, холандски, германски, италијански, шпански, португалски, руски, чешки, арапски, грчки, турски, хрватски (Арсен Дедиќ), и други, како и на македонски во интерпретација на Нина Спирова.

Импозантен е бројот на славни пејачки имиња кои ја снимиле оваа песна: Френк Синатра, Марлен Дитрих, Реј Чарлс, Маиса Матерацу чија верзија е искористена во еден филм на Педро Алмодовар, Барбара Стрејсенд, Вики Леандрос, Џољола Чинквети, Жилиет Греко, Серж Лама, Миреј Матје, Џони Холидеј, Нина Симон, Патриција Кас, Скот Вокер, Мат Монро, Ширли Бeјзи, Том Џонс и уште навистина многу други знајни и незнајни интерпретатори.

Песнта е снимена на 11 септември 1959 г. и е издадена на албумот „La Valse A Mille Temps“. Дел од мелодијата е инспирирана од „Унгарската рапсодија бр. 6“ на Франц Лист, а е испеана за Сузан Габриело (1932 – 1992), француска пејачка со која Жак Брел имал љубовна идила која не завршила со среќен крај.

По 10-годишниот успешен период, во 1967 г. Жак Брел се повлекува од музичката сцена, заситен и истоштен, емотивно и творечки истрошен, несакајќи да се повторува и да ја изгуби довербата кај публиката на која целосно и се предаваше, се посветува на филмот. Снима 10 филмови од кои најпознат е „L’aventure c’est L’aventure“ („Авантурата е авантура“) во режија на славниот Клод Лелуш, а како партнер го има Лино Вентура. Еден од филмовите („Far West“), сам го режира.

Од 1973 г. се повлекува од јавниот живот и се посветува на себе си. Пилотира со својот авион и плови со својата јахта. Се укотвува на Маркишките Острови, каде и открива дека боледува од рак на белите дробови.

По безуспешното интензивно лекување, во 1977 г. кога веќе е тешко болен, во најголема тајност го снима својот последен албум кој достигнува тираж од два милиони копии. Умира на 49 годшна возраст, на 9 октомври 1978 г.

Погребан е на Маркишките Острови (Француска Полинезија), во близина на гробот на славниот француски сликар Пол Гоген (1848 – 1903).

На надгробната плоча, покрај ликот на Брел е насликана неговата последна љубов, актерката и танчерка Мадли Бами со која ги минува последните години од животот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025
ФОКУС

Комунална хигиена: Нема нафта за камионите – УО бара спас од Арсовска

ВЕСТИ October 30, 2025

Управниот одбор на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје денеска упати „итна ургенција“ до градоначалничката…

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

October 27, 2025

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025
ТИКЕР

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.