ВМРО жалат за случките од 24ти декември, но биле неизбежни. СДСМ жалат за бојкотот на изборите но неизбежно било. Стефче Јакимовски жали што се кандидира но морал за да го спаси Карпош од Јагнула.
Бранко жали што го земал воопшто Стефче во партија.
Роберт Ордановски жали што потрошил 21 000 евра за новогодишна забава. На сите им е за нешто жал. Божем ќе си речеш луѓево легнуваат и се будат во солзи. Не можат да заспијат од што се грешни кон нас.
А и мене ми е жал искрено. Жал ми е што трошам време, нерви и зборови на нив.
Жал ми е што гласам или не гласам за едните или другите. Жал ми е што на моменти си дозволив да ме излажат дека можеби моите интереси се и нивни. Жал ми е што било кога помислив дека се нешто повеќе од алчни, манипулативни нелуѓе.
Жал ми е што секој ден, упорно го гледам циркузот кој го изведуваат и што дебело плаќам карта за тој настап. Жал ми е што цел живот чекам да им тргне од рака, што чекам да дојде тоа подобро утре а го нема.
Ај, можеби на оној свет.
Ама ним дали им е жал за мене? Умреа од жал…