Европскиот парламент го избра поранешниот премиер на Луксембург, Жан-Клод Јункер за претседател на Европската Комисија. Во тајното гласање за Јункер гласаа 422 пратеници од вкупно 729 валидни гласови и покрај силното противење на Велика Британија. Среќен сум да објавам дека мнозинството во парламентот го избра за Претседател на Европската Комисија.
-Искрени честитки, му посакувам многу среќа, нека ти биде мило заради твоите подржувачи но и за твоите противници исто така, затоа што ти ни докажа дека без противници навистина, ништо не може да се постигне, честитки за Жан-Клод Јункер во неговата нова улога, рече претседателот на Парламентот, Мартин Шулц.
Јункер беше кандидат на централно десничарската народна партија, која победи на изборите за Европскиот Парламент во Мај. Новата функција ќе ја преземе во Ноември, кога истекува мандатот на актуелниот претседател на Европската Комисија, Жозе Мануел Баросо. Европските лидери утре се очекува да го номинираат и новиот шеф на европската надворешна политика, кој на таа функција ќе ја замени Кетрин Ештон.