Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Железните потпетици на СЈО

0
By Биљана Секуловска on February 2, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Најавената смрт на СЈО, како најважната институција во поновата историја на оваа земја,  од страна на Врховниот суд, не потсети на нобеловката Вислава Шимборска, на една нејзина резигнирана констатација, од која нема излез: “Не е лесно да се објасни нешто на некого, кое и вие самите не го разбирате”.

Но, дали е прикладно да се оплакува сега оваа смрт на СЈО, судскиот чекан кој одлучил да не се отвораат истраги и да не се покренуваат обвиненија, затоа што поминал рокот од 18 месеци, откако ги добиле прислушуваните разговори?

Затоа што, оваа смрт беше очекувана, кој е начинот некако да се објасни задоцнетото липање, ако е на маса фактот што во самиот Закон за СЈО тие фамозни ограничувачки 18 месеци одамна се постоечки и ни висеа како меч на закана уште од 2015 година, кога е донесен Законот за СЈО.

Се разбира дека на Врховниот суд му се залудни ваквите одлуки, затоа што без дилема, нема никаква надлежност за толкување на овој Закон за СЈО, што е образложено скоро едногласно од низа експерти и министерката за правда Десковска.

Но, клучното прашање е во сосема друга насока- зошто Собранието молчеше сите овие години, зошто политичките лидери го забораваа фамозниот член 22, зошто СЈО тивко ја оплакуваше својата најавена смрт од денот на донесување на Законот? Во тоа време, на Заев веројатно тие 18 месеци му изгледале недоволни и кратки, веќе пролетани, како 18 минути му биле тие месеци, но сепак се надевал дека изгледа како оптимално решение после тешките и мачни преговори.

На Груевски пак, му изгледале како векови тие исти 18 месеци, избезумен, скршен, во безизлез, како стаорец спикан во ќош, но со никакви шанси да се втурне во непријателот.  Подоцна, шансите се растегнаа, му ги раздвижија очите, му подарија нови хоризонти, унгарски аџилак во меката на корупцијата, во прегратките на братот по режимско владеење.

Молкот за најавениот клуч на СЈО од страна на политичките лидери е прегласен да не биде слушнат, тој молк ќе ја одредува и нивната политичка судбина, но поважно, иднината од која зависиме сите ние. Затоа, Заев особено сега ќе мора да проговори,  а железните опинци кои тој ги најави во сосема други цели, се очекува да добијат нова задача во продолжената борба за оваа земја.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.