Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Жените не треба да се смеат во јавноста, вели турскиот вицепремиер Аринч

0
By Нова ТВ on July 29, 2014 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Жените не треба да се смеат гласно во јавноста, изјави вицепремиерот Булент Аринч додека се пожали за „морална корупција” во Турција, пишува „Хуриет дејли њуз” .

Говорејќи за време на средбата по повод Фитер-Бајрам вчера Аринч го опиша својот идеал за чист маж или жена, велејќи дека тие двајцата треба да имаат чувство на срам и чест.

-Целомудрието е многу важно. Тоа не е само име. Тоа е украс за жените и мажите. Таа ќе има воздржаност. Мажот ќе биде воздржан исто така. Тој нема да биде женкар. Тој ќе биде обврзан на неговата сопруга. Тој ќе ги сака децата децата. Жената ќе знае што е грев, а што не е. Таа нема да се смее во јавноста. Нема да поканува со нејзиниот однос и ќе ги штити нејзините вредности, изјави Аринч, додавајќи дека луѓето ги напуштија своите вредности денес.

Луѓето треба уште еднаш да се пронајдат во Куранот, рече Аринч, додавајќи дека имало регресија од морални причини.

-Каде се нашите девојки, со малку руменило, кои ги наведнуваа главите и го вртеа погледот настрана кога ќе се погледнеше во нивните лица, со што станаа симбол на чистота?, додаде тој.

Според Аринч некои ТВ серии ги насочуваат тинејџерите да растат само како „секс зависници”, обвинувајќи ги оние кои ја злоупотребуваат возбудата на младите со публикации на телевизија, интернет, весници, или во образовните места, особено во универзитетите.

Аринч исто така се пожалил за високата потрошувачка, која се однесува на бројот на автомобили и мобилни телефони, што поединци ги имаат.

Таргетирајќи ги жените уште еднаш, Аринч рекол дека тие зборуваат за непотребни работи на телефон.

-Жените си разменуваат рецепти за оброк додека зборуваат на мобилен телефон. Што друго се случува? Што се случи со ќерката на Ајше? Кога е свадбата? Разговор за ова лице во лице, рекол Аринч.

Луѓето не треба да ги користат нивните лични автомобили непотребно, изјавил Аринч, додавајќи дека дури и ако реката Нил е полн со нафта, нема да има доволно гориво за сите автомобили.

Екмеледин Ихсаноглу, кој се кандидира за претседател против премиерот Реџеп Таип Ердоган, изјавата на Аринч ја коментираше преку Твитер, велејќи дека во Турција жените треба да се смеат толку силно што смеата на секого ќе биде посилна од сè.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
ФОКУС

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

ВЕСТИ November 17, 2025

Обвинителството во Милано ја проширува истрагата за т.н. „Сараево Сафари“ – наводната организирана шема во…

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.