Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Жените од Саудиска Македонија

20
By Биљана Секуловска on September 30, 2017 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Да се биде жена, зарем не е тоа спротивно на природата, нејзините законитости, спротивно на општествените поделби, каде улогата на мажот како власт, господар, натприродно битие, моќен авторитет е суштината на постоењето на човекот, на самото човештво, на историјата која треба да ни биде патоказ, на идејата за една цивилизација. Знаете и сами: не се раѓаме, туку стануваме жени. (Бовоар)

Симон де Бовоар

Погледајте само што напишала Џудит Бенет, историчарка на Средниот век: Историјата, кога станува збор за жените, потсетува на танц, во кој се менуваат чекорите и ритмите, партнерите и групите, но секогаш мажите се тие кои водат (цитат од книгата на борецот за женски права, проф. Каролина Ристова-Астеруд, “Феминистички теории за политиката”, едно од највредните дела во Македонија)

Каролина Ристова-Астеруд

Низ историјата има само една вистина, сосема исправно- би рекле денеска македонските политичари- мажи, кои кандидираа свои градоначалници- мажи. Во Македонија бројката е 196 кандидати за градоначалници мажи, наспроти 12 жени.

Од десет партии, само Левица и БЕСА одат со кандидати за жени за градоначалници на Скопје- Марија Џонс (напишана на страницата на ДИК како Јонес, правилно, веројатно се срамеле од скандалот- да се биде жена и освен тоа, да се нема македонско презиме) и тука е и Нафие Селмани.

Двете кандидатки се особено непријатно изненадување за традиционалната  шовинистичка клима во Македонија, на која со задоволство отсекогаш и се приклучувале и Албанците, откако веројатно виделе како тоа добро им оди на Македонците со атмосферата на ловење вештерки низ ливадите, падините и планините, за потоа да следува одмаздата, која се сервирала жешка, додека врие пленот.

Како што налагаат современите текови, жените се затвораат низ пештери, се распарчуваат, а остатоците се принесуваат на клада, затоа што жртвите мора да паднат, затоа што на никој не смее да помисли на да раѓа, одгледува, расте, образува и толерира жена, согласно правилата на зачувување на натприродната и ариевска врста на мажите, о, тие севселенски божества.

Тоа е таа историја на човештвото: жените не смееле да се образуваат, да се усовршуваат, да размислуваат, да пишуваат, да водат дијалози, да истражуваат, да искажат свој став, да гласаат, да се облекуваат како што сакаат, конечно, да дишат, да воздивнеме со олеснување, да живеат, не смееле да живеат.

Никој не се сеќава на нив, тие не постоеле, немаат ниту име, ниту презиме, трага од прст, прамен од коса, доказ дека некогаш ги имало. Немале своја историја, немале своја иднина.

Бројката на кандидирани жени за градоначалници во Македонија е одличен показател за ропската улога на жените во средниот век, но знаете како? Дури и тогаш, во средниот век, постојат сведоштва за појава некакви светлини во нечии мудри, умни глави. Не и во Македонија, не тука и денес.

Кристина де Пизан во просветителска мисија

Во 1405 година Кристина де Пизан ја пишува “Книга за градот на жените”, велејќи дека: “Жената има еднаква морална и интелектуална вредност со мажите”. Пизан е цитирана од иконата на феминизмот- Симон де Бовоар, за “Посланието на Богот на љубовта”: “Тоа е прв пат кога гледаме како една жена зема пенкало во одбрана на својот пол”.

Но, тоа е 1405 година. Не и денеска, не во Македонија. Не во оваа земја.

Подоцна, после неколку века, кога настапува ерата на просветителството, доаѓа до сериозни поместувања во свеста кај жените, некакво расцветување, некаков блесок, светнување некакво, бунт за законската инфериорна улога на жената, потчинувањето на жената кон мажот, традиционалната улога која ја има, прангите со кои е закотвена и не смее да се помрдне чекор напред. Ова не се однесува на Македонија, не во овој век, не на овие избори.

Мажите кои ги кандидираа мажите за градоначалници ја имаат мојата и нашата великодушна поддршка, затоа што ако жените немале историја, консеквентно немаат ниту сегашност, а за иднината, е за иднината, мажите ќе се погрижат да не ја добијат.

Цветанка Ласкова

Но, тоа не смее да биде се. Претседателката на Форумот на жените на СДСМ, Цветанка Ласкова, секако дека е најдоброто што и се случило на оваа партија која овие неколку месеци е на власт.

Нејзиното молчење за бројот на функционери- мажи на државните институции и компании, како и кандидати за градоначалници, наспроти бројката на жени, е онаа прекрасна поезија која жените со векови ја рецитирале, препевале и воспевале. Молкот на жените кои се исто така во оваа партија е особено фасцинантен, таа самонаметната тиранија, тој племенски танц кој се одигрува околу машкиот оган, додека жените се нудат да се самозапалат, како доказ дека само тоа заслужуваат, зарем не е тоа политика за почит?

Даниела Рангелова- ВМРО-ДПМНЕ

Знам, знам, сега велите дека ВМРО-ДПМНЕ е изземено од критиката и фокусот ми е исклучиво на владејачката партија, СДСМ, но тоа е реалната слика во оваа држава.

Навистина е губење време да се размислува и дебатира за клучните жени во оваа партија, мислам на ВМРО, за нивната улога во политичките одлуки за женското место во општеството, тогаш кога поголемиот дел, дали воопшто остана некоја, се веќе под криминални истраги и со поинакви грижи за сопствените уништени иднини.

Со СДСМ се требаше да изгледа поинаку, тогаш кога говориме за диктаторската улога на мажите во оваа земја, но не е. Се разбира, оваа критика не се однесува на божествата од мажи од СДСМ, ниту пак се повикувам на нивната свест.

Жените од оваа партија досега требаа да маршираат низ улиците и да покажат- кој е навистина лидер во борбата за правата- сопствени, се разбира, за почеток, нека почнат од сопствените.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025

Сè повеќе ученици во ЕУ учат два или повеќе странски јазици

September 26, 2025

Протести во Софија против „вкоренетото влијание на мафијата во бугарската политика“

September 26, 2025
ФОКУС

Родителите на починатите во „Пулс“: Или одговори или радикализација

ВЕСТИ September 27, 2025

Родителите на починатите во мартовскиот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани денеска по 24 –…

The Times of Israel:  Планот на Трамп за Газа – Израел ќе ја повлече војската и Палестинците нема да бидат раселени

September 27, 2025

СБ: Македонија, Косово и Молдавија со најголем пад на населението

September 26, 2025

Од утре, 26-ти септември 2025 казни за мобилен на пешачки

September 25, 2025
CIVICA
ТИКЕР

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025

Сè повеќе ученици во ЕУ учат два или повеќе странски јазици

September 26, 2025

Протести во Софија против „вкоренетото влијание на мафијата во бугарската политика“

September 26, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.