Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Жените во новинарството често пати мета на сексистички напади

0
By Нова ТВ on May 16, 2021 ВЕСТИ
Фото: МИА
Фото: МИА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Според регистарот на напади кон новинари на Здружението на новинарите на Македонија, во 2020 година се нотирани вкупно 14 посериозни закани по безбедноста на новинарите и медиумските работници, од кои, повеќе од половина се кон новинарки.

Мизогинијата, како што стои во публикацијата „14 Напади врз новинарите, 14 Бодежи на демократијата“, во комбинација со онлајн-насилството, се вистинска закана за учеството на жените во новинарството и јавната комуникација во дигиталната ера.

– Со сè почесто користење на дигиталните платформи, новинарките се соочуваат со зголемен ризик во својата работа и сè почесто со сексистички напади. Во онлајн-сферата се среќаваа примери на закани, уцени, говор на омраза и дезинформации кон одредени новинарки, стои во публикацијата.

Фактот дека изминатата година имаше многу случаи кога мразечките наративи беа насочени кон новинарките, го потврди и Весна Никодиноска од Македонскиот институт за медиуми, која со МИА сподели дека имало повеќе случаи на закани, напади и навреди на социјалните мрежи кои што биле насочени кон новинарки.

– Новинарките беа дискредитирани професионално и приватно. Тоа беа притисоци насочени кон нив, меѓутоа и кон медумите во кои што работат, вели Никодиноска за МИА.

Дел од новинарките кои што беа нападнати во текот изминатата 2020-та година, ги споделија своите приказни со МИА. Две од нив се жртви на вербален напад со мразечки и заканувачки наративи, а една од нив е жртва и на физички напад. Од сите три, разрешница има само за една, што всушност претставува и единствениот решен случај од 14-те севкупни напади врз новинари за 2020-та година.

Новинарката Тања Милевска, дописник од Брисел за Медиумската информативна агенција – МИА, ден пред изборниот молк, на 11 јули 2020 година примила закани по животот и закани за силување како и сексистички навреди на Твитер и на Фејсбук поради нејзините јавни ставови изразени на социјалните мрежи. Случајот е пријавен во полиција, но, досега не се поднесени кривични пријави.

– Можете да замислите како се доживува таков случај кога сте жена која живее сама, во таква ситуација кога знаете дека има македонска дијаспора. Иако сум далеку од Македонија, јас навистина во тој момент се исплашив и не се срамам да го кажам тоа. Мислам дека не треба да се срамиме да кажеме дека се плашиме, бидејќи ние нормално не би се заканиле на некој на улица, доколку го сретнеме. Интернетот не е ништо поразлично од тоа што се случува на улица. Ако вие не можете да се заканите со силување и со смрт некому на улица, не смеете тоа да го правите ниту на Интернет. Најмалку кога станува збор за новинари, вели Милевска.

Единствениот случај со правна разрешница беше вербалниот напад врз новинарката Мери Јордановска на која ѝ беа упатени закани и навреди од државен службеник вработен во Централниот регистар. Јордановска за МИА вели дека дополнително, со години била предмет на напад од, како што вели, еден „т.н. водител“.

– Не поради мој текст кој што сум го напишала, првично беше дали сум била мажена, па откако се омажив дали сум се здебелила. Тоа одеше до недоглед и тоа е нешто што прави голема штета не само врз мојот углед и достоинство, туку многу го погодува и семејството, односно е многу непријатно за жена и за кој било да се гледа по социјалните мрежи кога се дисквалификува кој било човек на таков начин, споделува Јордановска.

 

Милка Смилевска, новинар во „Ал Џазира“ за МИА вели дека смета оти повеќе се работи за личен став и лична позиција кај секој поединец.

– Без разлика дали е маж или жена, треба да се постави професионално, да се води од тоа и мислам дека никој од нас не би имал проблем. Во секој случај, жените се понежни, поранливи, веројатно на тие што се напаѓачи тие им изгледаат и побеспомошно. Меѓутоа, во мојот случај, не се покажа така, јас бев храбра и немав проблем да го побарам напаѓачот и лично да се соочам со него, вели Смилевска.

Родовата нееднаквост предизвик, неказнивоста стандард

Системската заштита за медиумските работници воопшто, како и за новинарките, веќе подолго време „чека“ на законски измени кои што ќе овозможат безбеден простор за слободно изразување и реализирање на својата професија, притоа не стравувајќи за својата личност, дигнитет и живот.

Никодиноска посочи дека фактот што од сите случаи на напади изминатата година, разрешница има само за еден, е наведен и во Извештајот на Репортери без граници, со што смета дека тоа е порака до институциите дека ова треба да се земе предвид во понатамошното постапување при напади врз новинари и медиумски раотници.

Во најава се измени во Кривичниот законик за поголема заштита на новинарската фела, со кои нападот врз медиумските работници ќе добие ист третман како нападот врз службени лица. Измените се веќе објавени на ЕНЕР, а во собраниска процедура треба да се најдат до крајот на месецов.

Министерот за правда, Бојан Маричиќ, со МИА споделува дека при нападите на новинари во кои почесто станува збор за новинари кои што се жени, според него, може да има и родова дискриминација, а можеби и превагнува фактот што во поголем број во професијата работат жени, меѓутоа, како што вели, тоа треба навистина да се испита.

– Во секој случај, ние во истите измени на Кривичниот законик предвидуваме и зајакнување на заштитата на родовата еднаквост и на жените, бидејќи дел од идејата за измена на Кривичниот законик е да биде изменет тој сега во делот на заштита и зајакнување на заштитата на новинарите, но исто така и заштитата на жените преку имплементација на Истанбулската конвенција и во таа смисла има две нови кривични дела, демнење и сексуално вознемирување, има и квалификувани казни, значи потешки казни доколку нападот е извршен заради родова омраза, споделува Маричиќ

Дополнува дека со тој пакет – заштита на новинарите и со имплементација на Истанбулската конвенција, доаѓаме до едно ново ниво на стандарди и една посилна заштита на новинарите и на новинарките.

Милевска нагласува дека не може да се третира заштитата, безбедноста на новинарите, без да се има на ум дека одредени категории на новинари се поранливи од другите и затоа смета дека новинарските здруженија и властите, мора да работат интерсекционално. Јордановска признава секаква конструктивна дебата во однос на напишан новинарски текст, без разлика дали станува збор за жена или маж новинар, меѓутоа, сè што оди надвор од тие рамки, односно секаква дискфалификација на личноста, смета дека мора да биде санкционирана на еден или друг начин.

Помеѓу останатите новинарки кои беа цел на напад изминатаата година се и Искра Коровешовска, Наташа Стојановска, Анета Додевска, Алмедина Исмајли и Мирослава Бурнс. Сите тие беа изложени на навредливи и заканувачки пораки кои сами по себе не ја добија системската закрила која што им следува.

Измените во Кривичниот закон се на потег, додека шовинистичките стеги притискаат силно и во новинарската професија. Новинарството изискува јавно изразени ставови кои често знаат да пркосат на општествените стигми, а изразени од жена новинар дополнително го нагласуваат родовиот стереотип и предизикуваат агресивни и недолични коментари.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕК одобри дополнителни 50 милиони евра хуманитарна помош за Газа и Западниот Брег

September 25, 2025

Ученик го избоде со нож лицето на наставничката за време на час во Франција

September 24, 2025

Над 1,8 милијарди луѓе живеат во зони под висок ризик од поплави

September 24, 2025

Ерион Велиај е разрешен од функцијата градоначалник на Тирана

September 24, 2025

Рама: Косово мора да ги исполни условите на ЕУ или ќе остане изолирано

September 23, 2025
ФОКУС

Американскиот државен секретар на средбата со Лавров побара да се запре со убивањата

ВЕСТИ September 24, 2025

Државниот секретар на САД Марко Рубио и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, се…

Трaмп: Кијив може да ја врати целата украинска територија освоена од Русија

September 24, 2025

Утврден редоследот на листите на кандидати на гласачко ливче за локалните избори

September 24, 2025

Израелската армија презеде контрола врз поголем дел од Газа

September 23, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ЕК одобри дополнителни 50 милиони евра хуманитарна помош за Газа и Западниот Брег

September 25, 2025

Ученик го избоде со нож лицето на наставничката за време на час во Франција

September 24, 2025

Над 1,8 милијарди луѓе живеат во зони под висок ризик од поплави

September 24, 2025

Ерион Велиај е разрешен од функцијата градоначалник на Тирана

September 24, 2025

Рама: Косово мора да ги исполни условите на ЕУ или ќе остане изолирано

September 23, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.