Кандидатот на здружената опозиција за градоначалник на Центар Андреј Жерновски, го обвини неговиот противкандидат Владимир Тодоровиќ дека српските медиуми пишуваат за инвестиции во Србија, од пари кои ги зел од граѓаните на Македонија.
Се работи за големи суми пари, со злоупотреба на политичката позиција во власта.
Тодоровиќ пак, ги демантираше ваквите обвинувања и понуди откажување од функцијата доколку Жерновски пред јавноста изнесе цврсти докази.
Денеска Државната комисија за спречување на корупција објави дека утврдила дека кандидатот за градоначалник од Сојузот за иднината, Андреј Жерновски криел имот, односно давал неточни и непотполни податоци за својот имот.
Жерновски утре ќе излезе со одговор на прес-конференција, со екс-претседателот на Државната комисија за спречување на корупција и актуелен адвокат, Драги Малинковски.