Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Жерновски: Јавното обвинителство е на потег

0
By Нова ТВ on August 16, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Градоначалникот на Општина Центар денеска до Основното јавно обвинителство го достави првиот дел од анализата на документите поврзани со проектот Скопје 2014. Андреј Жерновски изјави дека ревизорите ја завршија својата работа, дека тој денеска ја завршил својата работа со предавањето на документите, а сега останува веројатно најважното, а тоа е јавното обвинителство да ја заврши својата работа.

“Во овој документ, како што можевте вие да се уверите, односно да се увери јавноста, постојат сериозни индиции за незаконско работење, што претставува основ за постапување од страна на обвинителството“, изјави градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски.

>>Детали: Што откри ревизијата во општина Центар

Се разбира, рече, дека во целата оваа незаконитост, односно незаконско работење не треба да се бара вина само во локалната власт, туку гледаме инволвираност и од страна на централната власт, односно од Министерството за култура, кое што е директен поттикнувач на ова, односно според она што го има во документите за незаконското работење на локалната власт, односно Општина Центар.

“Овој чин денешен и овој предмет што го предадов претставува одлична шанса според мене, она што е најважно и според нашата јавност па би рекол и пошироко, претставува одлична шанса обвинителството да докаже дека не ги третира предметите различно туку дека ќе има подеднаков пристап, односно одлична шанса да докажеме дека судството во Р. Македонија сепак функционира и да почнеме полека да ги бришеме оние негативни коментари кои што ги добиваме од дома но и од Брисел дека имаме партизирано судство во Р. Македонија“, рече градоначалникот Андреј Жерновски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
ФОКУС

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

ВЕСТИ November 8, 2025

Во Кочани денеска родителите на жртвите од пожарот во дискотоеката „Пулс“ одржаа нов „Марш за…

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.