Комисијата кој што врши ревизија на проектот „Скопје 2014“, формирана од градоначалникот на Општина Центар Андреј Жерновски, работи според предвидената динамика.
Членовите на комисијата Слаѓана Тасева и Драган Малиновски ќе ја испочитуваат обврската и кон средината на август ќе излезат со прелиминарни согледувања како се трошеле парите за проектот, а потоа ќе биде подготвен и финалниот извештај, вели Жерновски.
– Комисијата дојде до интересни сознанија. Се потврди она во што се сомневав за трошењето на парите на жителите на Центар за скапиот проект Скопје 2014, но како што ветив деталите и за се’ она што утврдија ќе го соопштат членовите на комисијата на прес конференција – изјави градоначалникот Жерновски.