Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Жерновски: Милионската ограда за мостот „Слобода“ се чува во тајно депо

0
By Влатко Чаловски on April 24, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски денеска пред мостот „Слобода“ кај Холидеј Ин, објави фотографии кои ги пронашле во едното од депоата во градот за кои прашуваат дали ова е оградата чија цена во неколку наврати во јавноста беше различно претставена.

-Пред две години, Коце Трајановски изјави дека оградата за овој мост ќе чини „само“ 1 милион евра, потоа од кабинетот на градоначалникот на Скопје беше објавена информацијата дека оградата ќе чини 1,8 милиони евра, за да еден месец пред изборите ова цената се намали на 1 милион и 180 илјади евра. Оваа ограда се уште не е готова, се чува во тајност, а очигледно е дека намерата е да не се вознемири јавноста пред избори, рече Жерновски.

– Се поставува прашањето не само до Коце Трајановски, бидејќи искерено не верувам дека тој стои зад сите овие проекти, туку до оној што е основоположник на оваа идеја, тоа е премиерот, Никола Груевски: зошто до сега се крие во јавноста ова што ние го најдовме во едно скопско депо?, праша тој.


Правејќи споредба од времето на управувањето на град Скопје со Ристо Пенов, Жерновски вели, во тоа време се изградија мостовите кај Хром и мостот „Близнаци“ со целосна инфраструктура и вкупно чинеле 1,5 милиони евра, додека овде се работи за милионска ограда.


– Каде отидоа парите на граѓаните на Центар, на Скопје на Македонија, побара одговор градоначалникот на Центар, посочувајќи дека прашањата кои ги поставува кон Трајановски и Груевски однапред треба да се избегнат со одговорот „фотомонтажа“.

Градоначалникот на општина Центар најави дека наскоро ќе објави и нови слики за тоа што се’ е пронајдено во депоата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
ФОКУС

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

ВЕСТИ October 7, 2025

Министерството за здравство соопшти дека од денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип…

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

October 7, 2025

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

October 7, 2025
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.