„Ова т.н. сооштение е вистинска навреда за граѓаните на нашата држава. Деградирајќи се себеси со ваков текст, владеачката партија недвосмислено покажува дека влегува во сериозна криза…“, напиша денеска на својот ФБ профил градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски.
Овој негов статус уследи по соопштението на владеачката ВМРО – ДПМНЕ по презентирањето на ревизорскиот извештај за Скопје 2014 подгоитвен од Слаѓана Тасева и Драган Малиновски, во кој беа лоцирани законски пропусти.
>>Детали: Што откри ревизијата во општина Центар
„Оваа алиби прес-конференција базирана на полувистини, невистини и манипулации и поткрепена со општи и нејасни, пред сè, политички формулации без правна основа и тежина, за ВМРО-ДПМНЕ беше очекувана уште од првиот ден. Не само затоа што комисијата ја води нереализиран политичар како Слаѓана Тасева која е прва во македонската историја што се обиде, но не успеа да собере потписи за претседателски кандидат, ниту, пак, затоа што ова е само начин опозицијата да најде причина да им плати хонорари на Тасева и на Драган Малиновски и на општинска сметка да поминат половина година за нивните услуги во јавните настапи критички кон ВМРО-ДПМНЕ, туку, пред сè, затоа што сите проекти во општината се законски и транспарентни“, соопштија од од партијата.