Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Жерновски: За патувања во Италија-потрошени 1,5 милиони евра

0
By Нова ТВ on August 16, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


1,5 милион евра поранешни градоначалници, раководители и скулптори потрошиле за патувања во Италија, соопшти градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски на пресот одржан пред зградата на Јавното обвинителство.

Одговарајќи на прашањето на советничката Весна Милосавлевска, дали има информации за потрошена голема сума пари за патување до Италија од екс-градоначалници, скулптори и вработени во општината, Жерновски одговори дека 57 лица на товар на Општина Центар патувале во Фиренца, Верона, Милано за поблиску да се запознаат со условите каде ќе се леат спомениците од проектот Скопје 2014.

Тие патувања се однесуваат на скулпторката Валентина Стефановска- таа била во Италија 25 пати, додека поранешниот претседател на Советот, Владимир Здравев- 8 пати.

Нејасно е, рече Жерновски зошто тој морал да отиде во Италија, а уште помалку што бара екс-раководителот на секторот урбанизам, или пак екс-раководителката за јавни набавки.

-Трошокот за авионски билети е нешто помалку од 1 милион евра, или вкупно 1.5 милион евра се потрошиле за патување и сместување во Италија. Прашувам што барал претседателот на Советот таму и кој се согласил буџетот на Центар да се олесни за 1.5 милиони евра, изјави Жерновски.

Градоначалникот на Општина Центар денеска до Основното јавно обвинителство го достави првиот дел од анализата на документите поврзани со проектот Скопје 2014. Андреј Жерновски изјави дека ревизорите ја завршија својата работа, дека тој денеска ја завршил својата работа со предавањето на документите, а сега останува веројатно најважното, а тоа е јавното обвинителство да ја заврши својата работа.

На прес конференцијата одржана во понеделникот ревизорите Слаѓана Тасева и Драган Малиновски ги обзнанија наодите од првиот дел од ревизијата.

>>Детали: Што откри ревизијата во општина Центар

Еден од поинтересните заклучоци на експертите се деталите околу спроведената постапка за споменикот на Никола Карев. Основната вредност на договорот била 4 милиони денари за лиење на споменик во бронза, но подоцна овој споменик значително поскапел за дополнителни 45.000.000 евра кои биле побарани поради „трошоците за мермер за споменикот“. Комисијата на лице место констатирала дека споменикот не е од мермер, туку од бронза.

Скулптурата на Никола Карев ја изработил Благоја Ангелковски. За идејното решение добил хонорар од 35 илјади евра. Изработката на идејниот проект чинела 169 илјади евра. Вредноста на договорот за лиење, пак, изнесувала околу 880 илјади евра. Севкупно, за бронзениот Карев кој поскапел само поради тоа што требало да биде во мермер, биле потрошени 1.221.739 евра.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
ФОКУС

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

ВЕСТИ November 8, 2025

Во Кочани денеска родителите на жртвите од пожарот во дискотоеката „Пулс“ одржаа нов „Марш за…

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.