Седум нови дрва вечерва беа засадени кај хотелот Бристол, на местото каде што пред два дена со асистенција на полицијата беше извршена сеча на неколку децениските дрвја поради изградба на новата зграда на Советот за радиодифузија.
Дрвата се донација на општина Центар. Градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски вели дека со садењето на дрвцата ќе се покаже дека колку и да сече власта, граѓаните можат уште повеќе да садат нови дрвја.