Во станот на семејството на носителот на советничка листа на ВМРО-ДПМНЕ, односно претседател на градската организација на ВМРО-ДПМНЕ, сместени се пет лица од Пустец, објави денеска Андреј Жерновски кандидатот за градоначалник на Центар, од „Сојузот за иднината“.
„Ова е невидена дрскост и врв на стратегијата на ВМРО-ДПМНЕ. Овие информации ги споделувам за да сфатат граѓаните кој гласаше за мојот противкандидат Тодоровиќ и какви избори имавме“, рече Жерновски и ги повика граѓаните да излезат во вториот круг и да не дозволат некој што не живее во Центар да го избере градоначалникот„.
Жерновски поднел и барање за разговор со министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, но од МВР денеска пристигна веднаш реакција дека неоснованите закани нема да му го зголемат рејтингот на Жерновски, ниту пак ќе го компензираат недостатокот од довербата кај граѓаните.
Еве го одговорот доставен до ЛДП од МВР:
„Во врска со вашето барање, дозволете да ве известиме дека Министерството за внатрешни работи нема намера да се инволвира во ничија кампања или стратегија за односи со јавност поврзана со Локалните избори 2013, без разлика колку и да му е потребна помош.
– Би сакале да ве информираме дека согласно законот, единствено надлежна институција за ажурирање на избирачкиот список е Државната изборна комисија. Затоа би ве упатиле за состојбата на избирачниот соисок да го контактирате Претседателот на ДИК, г-дин Борис Кондарко, одговорното лице за односи со јавноста во комисијата или да се обратите на некои од контактите објавени на нивната интернет страна.“