Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Жестока расправа во Советот на Град Скопје за штетите од поплавата

0
By Нова ТВ on August 24, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Оставка од градоначалникот Коце Трајановски и исплата на линеарна помош од Град Скопје за секое поплавено домаќинство во износ од 90. 000 денари побара денеска опозициската СДСМ.

На седницата на Советот на Град Скопје, координаторот на Советничката група на СДСМ Дамјан Манчевски обвини дека градските власти, иако знаеле за невремето, не ги презеле сите потребни чекори за евакуација на населението.

-Немало соодветна реакција и покрај најавувањето на УХМР за невреме и токму тоа нереагирање од Коце Трајановски, немање евакуација и алармирање на населението, не доведе до штети кој што денеска се бројат во човечки животи и десетици милиони евра. Затоа барам поддршка за нашето барање за обезбедување на авансна итна помош на граѓаните кои се оштетени, порача Манчевски.

Членот на Советот од редовите на ДПА, Идриз Орана ја поддржа идејата на СДСМ, но праша зошто целата механизација со денови била поставена само во селата со македонско население. Тој обвини дека и власта и опозицијата собираат политички поени од катастрофата.

-Треба да се преземе одговорноста кога ќе се седне во фотелји, дека тие ја претставуваат државата и да работат за добро за граѓаните, а не за партијата… Не може вашиот лидер повеќе да ги сака Албанците од мене, ниту јас можам да ги сакам Македонците колку ти што ги сакаш, му порача Орана на Манчевски.

За ВМРО-ДПМНЕ ваквата идеја на опозицијата е неразумна, бидејќи  сумата за некого може да биде повеќе од доволна, за некого минималец.

Градоначалникот  Коце Трајановски  посочи дека Владата ја презела целата одговорност за исплата на штетите, за кои тврди дека уште оваа недела ќе почне исплатата, па оттаму вели дека нема потреба од дополнителни средства.

Тој посочи дека иако бил информиран за невремето кое го зафати Скопскиот регион пред две недели и покрај тоа што ја поминал цела ноќ на терен, не можело ништо повеќе да се направи за да се спречи катастрофата.

-Јас бев во Скопје, три години не сум отиден на одмор. Бев на терен веднаш. Толкава маса за толку мал период, на толку мала површина, нема фекални канализации, нема атмосферски канализации, нема канали што може да ја прифатат, рече Трајановски кој повика во моментов советниците да се фокусираат на начини за помагање на населението,а  не за собирање политички поени.

Од друга страна Владејачката ВМРО-ДПМНЕ денеска во Советот на Град Скопје предложува оштетените домаќинства од поплавите да бидат ослободени од плаќање надомест за собирање и транспортирање отпад и од плаќањето надомест за вода за август, септември и октомври. Покрај ова предлагаат градот да одвои и 2,5 милиони евра за санација на улиците во Гази Баба иако тие се под општински ингеренции.

Седницата на Советот на Град Скопје е во тек.

поплава
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.