Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Жестока расправија меѓу шефот на израелската дипломатија и шефот на ОН: Во кој свет живеете вие?

0
By Gabi Tocko on October 24, 2023 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за надворешни работи на Израел, Ели Коен, денеска изјави дека нема да се сретне со генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, откако шефот на ОН го критикуваше израелското бомбардирање на Газа.

„Нема да се сретнам со генералниот секретар на ОН. По масакрот на 7 октомври, нема простор за балансиран пристап. Хамас мора да се избрише од лицето на планетата!, објави денеска Коен на социјалните мрежи.

I will not meet with the UN Secretary-General. After the October 7th massacre, there is no place for a balanced approach. Hamas must be erased off the face of the planet!

— אלי כהן | Eli Cohen (@elicoh1) October 24, 2023

Во обраќањето пред Советот за безбедност на ОН во Њујорк, Гутереш денеска истакна дека е „длабоко загрижен поради јасното прекршување на меѓународното хуманитарно право на кои сме сведоци во Газа“. „Заштита на цивилите не значи да се нареди повеќе од милион луѓе да се евакуираат на југ, каде што нема засолниште, храна, вода, лекови или гориво – и потоа да се продолжи со бомбардирање на самиот југ“, рече Гутереш.

„Да бидам јасен: ниту една страна во вооружениот конфликт не е над меѓународното хуманитарно право“, додаде тој. Гутереш во истиот говор нагласи дека „поплаките на палестинскиот народ не можат да ги оправдаат ужасните напади на Хамас, а овие ужасни напади не можат да го оправдаат колективното казнување на палестинскиот народ“.

Коен, кој исто така беше присутен во салата, му одговори на Гутереш: „Во кој свет живеете? Тоа дефинитивно не е наш свет“.

Амбасадорот на Израел во Обединетите нации, Гилад Ердан, го повика Гутереш „веднаш да поднесе оставка“ по неговите изјави. Пишувајќи на социјалните мрежи, Ердан истана дека Гутереш „не е способен да ја води ООН“.

Г. Т.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Белградски медиуми: Македонец е најверојатно загинатиот во експлозија во стан во Белград додека подготвувал експлозивна направа за ликвидација на дилер на дрога

October 3, 2025

Во Тирана открена најголемата мрежа за проституција во Албанија

October 3, 2025

Пропалестинските протести во Швајцарија – солзавец, водени топови, повредени

October 3, 2025

Алексиќ: Ангажирањето на Арсовска Томовска е симбол за коруптивноста на проектот „Експо 2027“

October 3, 2025

Српскиот премиер Ѓуро Мацут денеска во Скопје

October 3, 2025
ФОКУС

Трамп му се закани на Хамас: Имате рок до недела во 18 часот или пеколот ќе се урне врз вас и ослободетеги заложниците веднаш!

ВЕСТИ October 3, 2025

Американскиот претседател, Доналд Трамп во најновата денешна објава на неговата социјална мрежа Truth Social, остро…

Четири групи во Европарламентот ќе поддржат недоверба против Фон дер Лајен

October 3, 2025

Јато дронови над белгиска воена база – НАТО го вклучи алармот

October 3, 2025

30 години од атентатот врз првиот Претседател на независна Македонија Киро Глигоров

October 3, 2025
ТИКЕР

Белградски медиуми: Македонец е најверојатно загинатиот во експлозија во стан во Белград додека подготвувал експлозивна направа за ликвидација на дилер на дрога

October 3, 2025

Во Тирана открена најголемата мрежа за проституција во Албанија

October 3, 2025

Пропалестинските протести во Швајцарија – солзавец, водени топови, повредени

October 3, 2025

Алексиќ: Ангажирањето на Арсовска Томовска е симбол за коруптивноста на проектот „Експо 2027“

October 3, 2025

Српскиот премиер Ѓуро Мацут денеска во Скопје

October 3, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.