И натаму траат судирите меѓу израелските сили и припадниците на исламистичкото движење Хамас. Обединетите нации повикаа на воздржаност.
За два дена колку што трае офанзивата на Израел, убиени се најмалку 30 лица. Вакви израелски напади немало уште од 2012 година. Според некои медиуми, Хамас истрелал околу 160 ракети врз Израел, кој возвратисо гранатирање на околу 150 цели во Газа.
„Нема да толерираме ракетирање на нашата територија. Затоа нашата акција ќе се прошири против терористите на Хамас. Војската ќе ги искористи своите ингеренции да се бори против бунтовниците но не и против невините граѓани“, рече премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху.
Хамас го возвраќа нападот. Истрелани ракети кон Ерусалим, Тел Авив и уште неколку града. Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун ги осуди нападите и ги повика двете страни да спречат понатамошно ширење на агресијата.
Палестинскиот претседател Махмуд Абас свика вонредна седница на државното раководство поради состојбата во Газа.

