Судирите меѓу Израел и Палестинците продолжуваат со несмалено темпо. Тројца се повредени кога ракета исфрлена од Газа погодила бензинска пумпа на југот на Израел.
По силната детонација избил голем пожар, а пожарникарите се обидуваат да го изгаснат. Од друга страна шест Палестинци загинале денес во два израелски напади на куќи во појасот Газа.
Цел на едниот напад, во кој загинала една жена, а 15 луѓе се повредени, била куќата на еден припадник на Исламски Џихад.
Истовремено две ракети утрово се исфлени на територијата на Израел, еден од правецот на Либан и една од правец на Газа.
Најмалку 95 луѓе загинаа откако во вторникот Израел започна нова офанзива.