Жителите на охридското село Љубаништа немаат намера своите имоти да ги продадат односно да ги отстапат на Субрата Рој за да го гради најавениот хотелско-туристички комплекс.
Ова е епилогот по синоќешниот состанок на мештаните во Домот на културата во селото каде имало и преставник на општината, јавува А1он.
Речиси сите на синоќешниот состанок се изјасниле дека нивните имоти не се предмет на продавање, особено не оние кои се наоѓаат покрај самиот езерски брег.
>>Груевски и Субрата Рој можат да ја контролираат Македонија?
„Приватните имоти кои се наоѓаат покрај езеро не ги даваме, без разлика на висината на средствата. Предмет на договор нека биде земјиштето кое е во сопственост на државата, и земјиштето каде сега се наоѓа авто кампот во селото“, изјавил жител на селото за А1он.
Тие бараат државата да ја изгради потребната инфраструктура и доколку е потребно како што кажуваат тие самите ќе инвестираат во изградба на вили и сместувачки капацитети, наместо тоа да му се дава на Субрата Рој.