Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Жителите на Волково повторно се измамени од Митровски

0
By Нова ТВ on July 23, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Жителите на Волково повторно се измамени од несовесното работење на градоначалникот Сокол Митровски, соопшти денеска пред новинарите, Снежана Трајковска, координаторот на советничката група на Сојузот за иднината во општина Ѓорче Петров.

Советничката група на Сојузот за иднината во Општина Ѓорче Петров на денешната седница се спротивстави и не гласаше за одлуката на градоначалникот Сокол Митровски и советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, за ПРЕНАМЕНА на средства од самопридонес за фекална канализација во реонот на Волково.

Вкупниот износ што треба да се пренамени е 3.250.000,00 денари.

Оваа пренамена се врши по трет пат, и до сега 17 милиони денари од ставката за изградба на фекална канализација се пренаменети за други цели на општината.

Еве ја одлуката на градоначалникот Сокол Митровски, која тој и советниците на ВМРО-ДПМНЕ денес ја изгласаа:

По разгледување и анализирање на расходите според Извештајот за извршување на Буџетот на општината за 2013 година, се согледа дека одредени позиции сме ги планирале на понизок износ , се покажува дека нема да се доволни според обврските што се создаваат. Поради тоа се предлага да се зголемат позициите на правни услуги, бидејќи кога се планираше основниот буџет сме немале сознание дека ќе се склучуваат договори со граѓаните во реонот на с. Волково за самопридонесот. Трошоците за заверка кај нотар паѓаат на терет на општината. Потоа, се предлага да се зголемат средствата за телефон, за услуги за копирање и печатење, за поправка и одржување на софтвер и хардвер, за договорни услуги на социјалците, кои ја одржуваат јавната чистота и зелените јавни површини во општината,за изградба на нови линии на улично осветлување и за трансфери до спортски клубови. Вкупниот износ што треба да се пренамени е 3.250.000,00 денари.

Со оваа лоша проценка, вели Трајковска се јавува дефицит во општинската каса која градоначалникот Сокол Митровски одлучува да ја покрие од самопридонесот на жителите на Волково.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
ФОКУС

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

ВЕСТИ November 7, 2025

Швајцарскиот гигант „Ганвор Груп“ ја повлече понудата од 22 милијарди долари за меѓународниот бизнис на…

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.