Потресни сведоштва за последиците од траумите кои ги доживеале учесници те во воените дејствија во Конфликтот 2001-ва.Тие за првпат за НОВА отворено зборуваат за пеколот низ кој поминуваат, 12 години подоцна.
Оставени на маргините, без соодветна психолошка помош , овие луѓе кои некогаш биле добри родители и сопрузи, сега се агресивни, лесно избувливи, лошо расположени, депресивни, во состојба да кренат рака на себе или на другите.
Овие шокантни признанија се последниот крик дека државата мора нешто да направи за да им помогне на овие луѓе.