Потребен е само еден момент за нечиј живот да се промени.
„Мојата приказна е како и секои други приказни кои завршруваат тажно, а на почетокот биле среќни“, вели Ванчо, којшто порано бил претприемач и имал своја фирма, а денеска е на улица. Веќе две години. Негов другар е Спасе, кој некогаш обожувал да игра фудбал, а денеска по улиците талка не само како бездомник, туку и како инвалид во количка.
На минусните температури од премрзнување ги спасија добрите луѓе во Социјалниот центар „Дуња“, а тие зборуваат и за голготите со институциите кои ги нема кога им се најпотребни.