Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Жоа Салавиза гостин на 36.издание „Браќа Манаки“

0
By Нова ТВ on September 6, 2015 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Португалскиот режисер и актер Жоао Салавиза, ќе биде гостин на 36.издание на фестивалот Браќа Манаки во Битола.

Салавиза, кој важи за еден од најнаградуваните млади режисери, ќе го промовира својот прв долгометражен игран филм „Планина“, веднаш по светската премиера на Филмскиот фестивал во Венеција, закажана за денеска.

Со неговиот филм на 19. септември ќе биде отворена програмата Нов европски филм што се воведува годинава на фестивалот во Битола.

Португалецот е добитник на престижните награди Златна палма во Кан за „Арена“ (2009) и Златна мечка во Берлин за „Рафа“ (2012).

На овој филм пак тој соработува со директорот на фотографија Васко Вијана, кој за филмот „Рафа“ ја доби наградата Мала златна камера 300 во Битола.

– Филмовите на Вијана импресионираат со едноставната структура и живата презентација на малите секојдневни проблеми во животот. Во нив Лисабон не е сјајното место што го гледаме на туристичките реклами туку во најголем фокус е предградието на Лисабон. Во сите негови филмови главните актери се тинејџери кои имаат проблем со слободата, а Салавиза е филозофот што покажува дека понекогаш луѓето што се на слобода се помалку слободни од оние со ограничена слобода. Во соработката со Вијана, Салавиза создава и повеќе од интелигентен визуелен свет заради што ни е повеќе од чест што гостува во програмата Нов европски филм – вели селекторот на програмата, Дејан Трајкоски.

Веднаш по промоцијата во Битола, филмот на Салавиза ќе биде прикажан на престижниот филмски фестивал во Сан Себастијан.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
ФОКУС

Комунална хигиена: Нема нафта за камионите – УО бара спас од Арсовска

ВЕСТИ October 30, 2025

Управниот одбор на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје денеска упати „итна ургенција“ до градоначалничката…

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

October 27, 2025

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.