Европската народна партија (ЕНП) во вторникот го именуваше Жозеф Дол за свој нов претседател откако минатиот месец почина дотогашниот претседател Вилфрид Мартенс, јавува белгиската агенција Белга.
Дол е шеф на групата на ЕНП во Европскиотпарламент. За време на гласањето во вторникот Дол доби 112 гласа од вкупно 124 за време на политичкото собрание на групата во која членуваат 73 политички партии од 39 европски земји.
Французот Дол ја водеше партијата од 8 октомври кога Мартенс, на два дена пред смртта се повлече од функцијата.
Ова именување во најголемата европска партија доаѓа на неколку месеци пред европските избори закажани за 25 мај 2014 година. “Ќе направам се што е можно за да ја продолжам одличната работа која ја водеше Вилфрид Мартенс чие што лидерство и ангажман од ЕНП направија најважна и највлијатекна партија во Европа”, рече Дол преку соопштение.
ВМРО-ДПМНЕ е член на оваа европска партија.