Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Зибери: Интеграцијата на Ромите во општетството ќе продолжи со позасилено темпо во наредниот период

0
By Marija Todorovska on April 8, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Народниот правобранител Насер Зибери упати честитка до граѓаните-припадници на ромската заедница кои живеат во Република Северна Македонија по повод 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите, со надеж дека нивната интеграција во општетството ќе продолжи со позасилено темпо во наредниот период.

Токму затоа, ги повикувам сите чинители во општеството да дадат максимални напори припадниците на оваа заедница, како една од најмаргинализираната, навремено, без никакви ограничувања да ги остваруваат сите со Устав и со закон загарантирани права, пишува Зибери во честитката.

Имено, Народниот правобранител како единствена институција која води сметка за заштита на уставното начело на недискриминација и соодветна и правична застапеност, констатира дека во последните три години има процес на застој во интегрирањето на оваа заедница во институциите (нивниот процент на вработување е речиси идентичен веќе три години наназад), овој број не одговара на нивната реална бројка во државата, па затоа во наредниот период истиот мора да почне да оди во нагорна линија.

Државата во изминатиот период направи напори за интеграција на Ромите, со тоа што покрај одбележувањето на декадата на Ромите во периодот 2005-2015, продолжи и понатаму со нови активности во повеќе сензибилни области – образование, домување, вработување, но сепак застапеноста на оваа заедница во сите сфери не е на задоволително ниво. Припадниците на оваа заедница сѐ уште се најголемиот број од лицата кои имаат проблеми со запишувањето во матичната евиденција, што, пак, доведува до неможност да ги остваруваат сите други права – пристап до здравствената заштита, образование и слично, нагласува Зибери.

Тој посочува дека не е надминат ниту проблемот со сеграгацијата на учениците Роми во неколку градови во државата и покрај пресудата од Европскиот суд за човекови права и силните залагања на Народниот правобранител да престане овој најбрутален облик на дискриминација. Децата на улица, и натаму се најбројни од ромската заедница, а импровизираните домови како да станаа нивна реалност.

Денес, овој ден го користам како прилика уште еднаш да истакнам дека како држава мора да бидеме подготвени сите овие недоследности во системот да ги надминеме и секојдневно да работиме на подобрување на положбата на оваа заедница во општеството. Со надеж дека следната година на овој ден ќе имаме сосема поинаква слика за нивната инеграција, уште еднаш упатувам честитка до сите припадници на ромската заедница, истакнува народниот правобранител, Насер Зибери. 

8 април зибери Меѓународен ден на ромите Народен правобранител
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.