Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Златна рамка 22“ ги обедини филмските професионалци и публиката

0
By Соња Крамарска on June 13, 2022 ВЕСТИ, КУЛТУРА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Осум македонски филмови од минатата година, првиот Интернационален Филмски Форум и социјалната програма „Фокус“ го одбележаа 4. издание на „Златна рамка“.

Во изминатите четири дена (9 до 12 јуни) се одржа четвртото издание на манифестацијата „Златна рамка“ – Денови на македонскиот филм, во организација на Друштвото на филмски работници на Македонија (ДФРМ). Од година во година се зголемува посетеноста на фестивалот, а годинава публиката можеше бесплатно да погледне осум македонски филмови од минатогодишната продукција, од кои три долгометражни филмови, еден документарен и четири краткометражни филмови.

Одбележувајќи го четвртотото издание на „Златна рамка“, ДФРМ ги додели и традиционалните почесни награди „Златна рамка“. Добитник на наградата филмски автор годинава е Кирил Спасески, признанието филмски работник му припадна на Бранко Петровски, додека наградата филмски актер ја доби Сашко Коцев. Оваа година, за првпат беше биде доделена и почесна награда на странски автор, која му припадна на познатиот филмскиот актер, режисер и продуцент Драган Бјелогрлиќ.

Во рамките на „Златна рамка“, покрај ревијата на македонски филмови од изминатата година, беше одржан и првиот Интернационален Филмски Форум на кој присуствуваа девет директори од најрелевантните филмски национални институции во регионот. На Форумот беше продлабочена соработката со регионалните продукции и беа разменети искуства во насока на поголема поддршка на македонската кинематографија. На Форумот стана збор и за позитивните и негативните примери на финансирање на филмот, состојбата на буџетирање на нашиот филм, моделите на копродукција итн.

Значаен новитет на „Златна рамка 22“ е и отпочнување на социјалната програма „Фокус“, наменета за публиката која од најразлични социјални ограничувања не можеше да го посети киното „Фросина“. Годинава, проекции беа прикажани за штитениците во Домот за стари лица „Мајка Тереза“ – Скопје на 11 јуни, како и во Градската општа болница „8-ми септември“ и во затворот во Шуто Оризари. Овие дисперзирани проекции како дел од „Златна рамка 22“, а поместени во програмата „Фокус“, во иднина ќе бидат надградени со инвентивни работилници и проекции чија крајната цел е инклузивноста на маргинализираните групи на граѓани во тековите на културниот живот. (Р.Н.)

„Златна рамка“ доделување на награди Драган Бјелогрлиќ Сашко Коцев
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025

Мадуро: Ја измислија трговијата со дрога за да ни ја украдат нафтата и гасот

November 1, 2025

САД: Укинувањето на монетите од еден цент носи забуна кај трговците на мало во Америка

November 1, 2025

Дрон синоќа го блокира авио сообраќајот над главниот германски град

November 1, 2025
ФОКУС

Нови Сад: Денеска комеморативен собир по повод годишнината од падот на настрешницата на железничката станица

ВЕСТИ November 1, 2025

Во Нови Сад, денес ќе се одржи комеморативен собир по повод годишнината од падот на…

Почнува гласањето во вториот круг од локалните избори, се изјаснуваат болните и затворениците од 32 општини и Градот Скопје

November 1, 2025

Пекинг до САД: Кинеското повторно обединување со Тајван е незапирливо

October 31, 2025

Српските студенти маршираат кон Нови Сад – утре една година од трагедијата

October 31, 2025
ТИКЕР

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025

Мадуро: Ја измислија трговијата со дрога за да ни ја украдат нафтата и гасот

November 1, 2025

САД: Укинувањето на монетите од еден цент носи забуна кај трговците на мало во Америка

November 1, 2025

Дрон синоќа го блокира авио сообраќајот над главниот германски град

November 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.