НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Злосторство на молк

0
By Нова ТВ on April 25, 2016 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Капацитетиот на човекот да зборува, да каже, раскажува и прикажува е негова можност да се ослободи. А, јазикот, па и зборувањето, е функционална метафора во тој правец,  и секако  e  одраз на симболичка адаптација кон стварноста. Но, за јазикот да се искаже, за тој да проговори, не  секогаш му треба лингвистички формализам.   Односно, и кога се молчи, јазикот говори и  може да биде многу повеќе само од напластени зборови. Слично, кога многу се зборува – таквиот говор може да биде испразнет од значењата. Или, како што кажал и Хајдегер: способноста да се биде молчалив е еден од основните услови за автентичен човечки говор. Со други зборови: молчењето секогаш има своја конотација и со него секогаш се испраќа некава порака, т.е. со молкот секогаш се прикажува извесен автентичен дискурс – дискурс кој сака да ни каже нешто, па затоа молчењето се смета за едно од  централните искуства на јазикот. Ако молчиш, впрочем, не значи дека не си слушнат и дека не си испратил порака, бидејќи  јазикот и преку молкот ни зборува.

ЈАЗИКОТ И ПРЕКУ МОЛКОТ НИ ЗБОРУВА

Молкот, значи, е само еден од начините на говор, а има вредност отаде простото зборување.  Уште повеќе, да се молчи не значи и да се биде глупав.  Напротив, и глупавите зборуваат – и тоа,  зборуваат глупави нешта,  или пак зборуваат за тривијални работи. Така, и празниот јазик, како и зборовите без важност,  или пак оние лажни зборови фактички сеформа на молк, дека тие го корумпираат  јазикот.  Ваквите, би се рекло „трикови со тишината”, имаат тендеција да ја прикријат вистината, преку тоа што вршат саботажи во јазикот, т.е. врз свеста.  Во нашиот случај молкот го кажува дискурсот на тоталното и  местото на  моќта во него.

Да бидеш повлечен (да молчиш за значајните нешта),  и да не бидеш изложен (освен во ситуации кога се соединуваш со тоталното од политичкото),  е значајно поврзување и етаблирање на определен дискурс – дискусот на естаблишментот. Ваквото самоизолирање, повлекување,  го артикулира  сфаќањето за „молчаливиот субјект“, но, него го ситуира во еден примордијален манир кој не прави ништо друго освен што дава поттик за раст на моќта, т.е. неа ја стимулира да се репродуцира! Оттука, често и  молчењето  се смета за дискурс на колаборационизам.

„НЕУTРАЛНОСТА” и МОРТИФИКАЦИЈАТА НА ВИСТИНАТА

Молчењето, и според психоанализата, укажува дека постои извесен јаз кој индицира постоење на репресија и на инхибиција. Како таков, овој јаз  го обелоденува присуството на порекнувањето / на негирањето / на бегството од соочување со стварноста.  Се претвора во одбранбен механизам против политичката репресија, на пример. Се настојува, наводно, преку – молчењето да се остане „чист и недопрен од политиката”, да се биде наводно  „а-политичен”, да се биде, во најлош случај неутрален за политиката. И сето тоа, за се побегне од објектот на моќта, а притоа инаугуративно да се признае нејзиното постоење !

Значи, молчењето, од една страна, е модус со кој фантазматски  се одрекува објектот на моќта /на теророт/ на ужасот а, од  друга страна, се признава неговото сеприсуство. Дополнително, кон ова следи и чезнеењето  да се  присоедини  со него.

Со молчењето се дислоцира капацитетот да се зборува гласно, т.е. се овозможува само-измама и само-залажување. Се залажува – божемски не постои репресивна политика. Сепак, обратното е реалното: политичката моќ на овој начин се репродуцира одново и одново, а наводниот ужаснат субјект – уплашениот политички неутрален интелект, иако имагинативно бега од моќта, фактички – инцестуозно се соединува со неа – стануваат едно цело – проектирајќи ја како свој его идеал, или уште повеќе како објект на алтер егото. Всушност, преку убивањето на говорот и преку  мортификација на вистината, се врши  самото соединување со Апсолутниот Господар (големиот Друг), во нашиот случај апаратусот на репресивната политика.

Ужаснат од моќта на големиот друг (исто како синот од таткото, т.е. неутралецот од Власта), а во наводното настојување  да ги пресече своите врски со него,  божемниот страдалник (а-политичниот) преку молчењето се обидува да  ги  укиние  своите лингвистички капацитети, мислејќи дека ги укинува означувачките врски со Апсолутниот Господар – Големиот Друг, замислувајќи дека ако ги закопа, тие како да ќе престанат да постојат. Ова се одвива во опскурна кодификација на вокализацијата, слично како калабриската мафијашка кодифицирана норма за задолжителна omerta: неприкосновен код на молчење.

Па така, линвистисточкото се разболува, и се молчи, а оној преостанат некаков си бесмилен говор е девитализиран, празен,  што не ни кажува „ништо”. Ова е јасен вектор на трансфер спрема идентификација со изворот на моќта и на ужасот!  Вид на молк е затоа и млитавиот говор – кој сугерира на афективната тапост.  А, токму, такви се говорите на неутралните интелекти.

Значи, молкот тука не го разгледуваме само како перманентна тишина, туку  и како празен говор – говор што, на пример, релативизира;  или какополу говор, па и како лажен говор (говорите за фалсификација на историјата, на пример). Слично,  во една друга форма, говорот што молчи, може да се јави и преку пренагласено и репетитивно зборување, како логореа,  со мега-квантум зборови – но, зборови без вистина (како конференција за мигрантите, во МАНУ, на пример).

Сепак, крајна консеквенца од ова е фактот дека со молкот всушност се овозможува целосна артикулација на фетишизираната моќ  (како, на пример,  што за свој  материјален доказ го има самиот проект „Скопје 2014“). При што, најчесто ова е придружено со перфектен нормативенговор – на кој му отсуствува било каква реална вредност.

СТРАВОТ И РЕПРЕСИЈАТА – ОСКАТА НА МОЛКОТ и ЗЛОТО

Оттука, да се заобиколува, да се изоставува и да се пропушти обзнанувањето на  важните работи, и да се бега од  кажувањето на вистината, т.е. да се молчи, значи дека во свеста постои голем расчекор, а токму тој ја индицира репресијата! Наспроти неа се активира одрекувањето/неприфаќањето – како единствен внатрешен одбранбен механизам против политичкото. Па така, во настојувањето да се исцрта сигурната и комфорна зона која е замислена да биде надвор од политиката, надвор од судирот, и од антагонизацијата, се одбива соочувањето со реалноста.  Тоа е наводно  осигураниот имагинативен простор на неполитичкото, вон реалноста.

Основата на вака поставена имагинација е стравот. А стравот е главната емоција со која се признава моќта на Објектот/Големиот Друг. Значи, со самото постоње  на стравот се  признава и самото постоење на репресијата.  Ова и не е толку индикативно, колку што е опасна самата патологизација на односот помеѓу стравот и моќта, која се огледа во шизоидната позиција  дека објектот на стравот и теророт истовремено станува и објект на чезнеењето. Идентификацијата со изворот на моќта осигурува психолошки комфор, а замислете пак што се овозможува соединувањето со изворот на моќта?! Патологизацијата на овој однос преку симболичкото обединување со изворот на моќта истовремено го заокружува и признавањето пред себе дека како човечко суштество не е достојно за било какво внимание, т.е. се самопоништува! Метод за ова е токму молкот, дека е многу јасен имагинативен трансфер спрема алтер егото, или спрема его-идеалот, т.е. спрема  изворот на теророт,  таткото или патер фамилијас – или нашиот репресор.

Затоа и Молчењето на неутралните и на аполитичните е толку тензично и толку снажно, а е и презриво, тоа е би се рекло тоа е „громогласен молк”.  Сепак, во сите позиции се смета за иреверзибилен симтом на невроза. Како парализирачко за свеста, поради внатрешниот судир, ја произведува таа интензивна тишина, која нам толку многу ни зборува. Во основа, молчењето е мортифицирачко, дека ја избегнува конфронтација со субјектот на репресија, т.е. мисли дека го убива наместо да му се спротистави, а всушност се индентификува со него – оттука и молчи во таква една колаборационистичка тишина.

Mолкот (на МАНУ и на другите) го  сметаме за вид на поддршка како јасен дискурс на колаборација,  остварен со  беневолентна тишина. Бидејќи перфектно го артикулираше логосот на моќта, на нејзина структура,  овозмужувајки и континуирана репродукција. Тишината за тоа каков е поредокот не е проста тишина, туку е тишина на „Празниот Говор – говорот изпразнет од значење” или говорот кој „лаже и не ја кажува вистината”,  исто така е говор кој фалсификува (како што се фалсификуваше историјата во една национална „енциклопедија”).

ЗЛОСТОРСТВО НА МОЛК

Со оваа симболичка артикулација на поредокот не се прави ништо друго освен што се репродуцира и зацврстува истата репресивна апаратура. И покрај тоа што молчењето се третира како  симболичка автокастрација, чин со кој  целосно се признава моќта на авторитетот, не се застанува тука, напротив, направен е и обид  за идентификација со него во прогрес, уште повеќе – за инцестно соединување! Или, како што би кажал Лакан, определени моменти на молчење во трансферот ја репрезентираат најострата форма на прифаќањето на присуството на Другиот како таков! Оттука, да признаеш постоење на репресија, а да молчиш за неа – е чин на злосторство.

Да заклучиме. Со тишината на неутралните се сака да избегне:  да не биде фатена во нивната имагинативната рефлективна врска која ја имат со репресорот,  односно,  со тишината и релативизацијата на настаните се подржуваат и се реализират беспоговорно идеите и желбите на его идеалот и алтер егото, на репресорот.

Иако постојат повеќе видови на тишина или на молчење:  енигматско, трауматско, тишина од револт (стамена тишина), тишина од ресентимент, молк предизвикан од страв,  во нашиот случај, не станува збор за  никави мистериозни блокади, туки ова се снажни интрапсихички  тајни, а се поврзани со политичките идологии, кои исто така се поврзани со либидиналните структури.

Во нашиот случај, неспособноста за конфронтирањето со наводните авторитети се затскрива со молк.

Молкот, затоа, кај нашите „научни” институции и уважени „интелекти” е примордијален и архетипски, нешто  како „фамилијарна тајна!” – како молк за злосторствотво кое се оправдува!

Молкот, на крајот е мета јазик, мета-симболизам, а во функција да го репродуцира симболниот поредок, но, во нашиот случај тој и таков молк го репродуцира и го овозможува поредокот на репресијата!

Колумна на Ана Чупеска

извор: slboodna.mk

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025

Ураганот Ерин ја погоди Северна Каролина, силни ветришта и бранови направија штети

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.