Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Злото не се менува, или се победува или се трпи

0
By Marija Todorovska on July 11, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

И Сребреница и Батајница се последица на исти мисли за “супериорност на српската нација над останатите нации на Балканот“ кои ни се емитувани во 90-те од страна на Слободан Милошевиќ, Воислав Шешељ, Александар Вучиќ и многу други. А и денес се демонски разбудени во Белград.

Чедомир Стојковиќ

Да убиеш 9.000 заробени луѓе не е едноставно. Оној кој мисли тоа да го направи мора да има организатори, извршители, контролори, курири. Да закопаш 9.000 луѓе со мотив нивните тела да не се пронајдат не е едноставно. Потребно е да имаш возачи, камиони, машини за ископување и оператори за нив.

Да сокриеш дека тоа се случило е уште потешко. Потребно е да имаш луѓе кои ќе ги контролираат извршителите и соучесниците, кои организирано ќе им претат. А исто така потребно е и луѓе кои ќе ги контролираат тие луѓе.

Не доволно луѓе одговараа за геноцидот во Сребреница.

Земање на лешевите од семејствата, превоз во непознат правец, криење во масовни гробници да семејствата не ги најдат не се случи само во Босна и Херцеговина. Се случи и во Србија.

И Сребреница и Батајница се последица на исти мисли за “супериорност на српската нација над останатите нации на Балканот“ кои ни се емитувани во 90-те од страна на Слободан Милошевиќ, Воислав Шешељ, Александар Вучиќ и многу други. А и денес се демонски разбудени во Белград.

Ние и денеска гледаме иста таква реторика во медиумите во Белград кои ги контроилира Александар Вучиќ.

Злото не се менува. Злото или се победува или се трпи.

Немајте сомнеж. Се знаеше во Белград што се случило на денешен ден пред 28 години во Сребреница. Се знаеја имињата на тие крвопијци. Се знаеше и кој даде наредба, кој извршуваше и кој закопуваше. Сето тоа се повтори после 4 години во Батајници.

Иако се знаеше, Ратко Младиќ е уапсен дури во 2011, после предолги 16 години. Се криеше во Србија. А тоа немаше да се случи ако Западот не ја притиснеше Србија тоа да го направи.

Кој го криеше злото во Белград?! Па оние кои и денеска се на власт во Белград!

Неколку митинзи за поддршка на Ратко Младиќ организираше и Александар Вучиќ. Улицата Зоран Џинџиќ ја преименуваше во „улица Ратко Младиќ“. За да го измами Западот, кога ја основа Српската напредна партија, Александар Вучиќ привремено ја смири својата поддршка кон убијците и креаторите на геноцидот, но веднаш по доаѓањето на власт го задолжи Никола Селаковиќ постојано да му биде на услуга на Ратко Младиќ.

Создаде влада која му се восхитува на тој геноцид. Никола Селаковиќ, Александар Вулин, Александар Мартиновиќ — се само дел од министрите кои му аплаудираат на Ратко Младиќ. Злото не се менува. Тоа или се победува, или се трпи.

И ние имаме историска одговорност да го победиме тоа зло што е во нас. Што е во нашиот народ. Ние, како најброен народ од Југославија, ја имаме најголемата одговорност. И сè додека не го победиме злото во себе, немаме никакво право да бараме другите да го направат тоа.

11 јули треба да стане ден на жалост и срам. Во спротивно, ќе се повтори.

Од Фејсбук ѕидот на авторот 

Вучиќ геноцид Србија Сребреница
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.