Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Злоупотреба на европски пари од министри на ВМРО-ДПМНЕ во 2015 година, утврди ОЛАФ

0
By Jane Gjorgioski on August 4, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Фото: Бибе Јордановска
Фото: Бибе Јордановска
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Проект од 2015 година, вреден 660 000 евра, за софтвер во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), е случајот за кој Европската канцеларија за борба против измама (ОЛАФ) констатирала неправилности и препорачала државата да ги врати парите.

Министерот за земјоделство Љупчо Николовски денеска информира дека на 18 април оваа година токму од Европската комисија до нив стигнал допис за неправилност поврзана со договор финансиран од страна на Европската унија во висина од 600.659 евра. Македонија во тој проект учествувала со кофинасирање во износ од 66.739 евра, поточно целиот проект чинел 667.399 евра.

Во периодот од кој потекнува случајот, 2015 година, во Владата на ВМРО-ДПМНЕ со Министерството за земјоделие раководи Михаил Цветков. Сепак, не се знае дали евентуално со проектот е запознаен и неговиот претходник Љупчо Димовски, со оглед на комплексноста и времетраењето на проектите од ИПА фондовите. За Димовски, кој е пратеник од Социјалистичката партија во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, во 2019 година беше побаран притвор, бидејќи беше осомничен за злоупотреба на службена положба и овластување при доделување на земјоделска помош и давање под закуп државно земјоделско земјиште во време кога беше министер за земјоделие, но тој се повика на пратеничкиот имунитет.

Според информациите, истрагата за случајот на ОЛАФ е веќе завршена и има конкретен предмет со конкретни правни дејства. Предметот е доставен до Обвинителството за организиран криминал и висока корупција, а Министерството за земјоделство апелира случајот да биде комплетно расчистен.

-Кога има финансиски средства, кога имаме договор којшто има финансиски импликации, секоја една ревизија е добредојдена. Европската Комисија треба да продолжи да ги врши своите контроли, вели Николовски.

Тој го покажа и документот според кој, ОЛАФ има извршено истрага за злоупотреба на ИПА средства преку проект реализиран во 2015 година, а се однесува на Договор потпишан на 20 ноември 2015 година по тендерска постапка „Надградба на информациски систем за земјоделство и воспоставување системи за размена на податоци меѓу МЗШВ и другите релевантни институции кој е спроведен децентрализирано, во рамки на Програмата за помош при транзиција и институционална надградба“.

ИПА ОЛАФ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.