Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Значи, уставни измени, кога?

0
By Zoran Ivanov on December 9, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Се ближи нова година, а последователно и рокот за уставните измени истекува. Реалноста и делувањето, во отсуство на јасна реторика и декларативност ќе го дадат одговорот, на главната енигма со која нашата “јавност”, здружена со партиско/партократскиот позициски/опозициски сојуз, претпразнично “ги забавува” граѓаните: што е полошо, ДУИ или неотпочнувањето на ефективните преговори со ЕУ?

Никица Корубин

Што е полошо: ДУИ или неотпочнување на ефективните преговори со ЕУ?

Ако политиката е синоним за партократија, во сваќањето на нашите политички “елити” тогаш точката на обединување која ја пронајдоа во “анти-ДУИ мантрата” е логична битка за (пре)власт на јавниот дискурс: малку пропаганда, малку оградување, малку патриотизам, малку албанофобија.

Секој по својот дел од “немезисот” – македонската опозиција и албанската власт се обединија во проекцијата на сопствената слабост (ДУИ е виновен за се’ што е лошо), а всушност во функција на наративот на македонската власт, “две во едно” ефект: прикриена албанофобија за отворена (македонистичка) контрола врз партиите и јавноста. “Албанци и албанско” по мерка на Македонците.

И откога “откривме” дека опозициското делување делува “прочистувачки” по повикот и искуството на македонските партии, одговорот сам се наметнува: “ДУИ е виновен за се’ што е лошо во општеството”. За доброто се знае каде оди заслугата.

Оваа намерна симплифицирана варијанта, на креаторите на партократијата, и активни учесници во “заробеното општество”, за дефиниција на “злото”, инверзивно не’ води, по автоматизам до прашањето: кој е “гревот” на ДУИ во моменталната ситуација во која се наоѓа Северна Македонија, за да стане ваква “точка на (негативно) обединување”?

Ако се апстрахира нивното делување низ годините, кое на партократско ниво е комплементарно со делувањето на било која македонска или албанска партија, тие постизборно, се единствената (парламентарна) партија која јасно, чисто и бескомпромисно, говори за стратешките приоритети на државата, членство во ЕУ и ги негува и штити стратешките меѓународни договори врз кои почива функционалноста на општеството, извесноста и стабилноста на државата, нејзината кредибилност и сериозност: Преспанскиот договор, Договорот со Бугарија и Охридскиот рамковен договор.

Без рокови и изговори, без калкулации и прикриена албанофобија, без замена на тези. И ја одржува “во живот” главната тема: отпочнување на преговорите со ЕУ, преку промена на уставот и влез на Бугарите во него. Посочувајќи на вистинското и единствено можно национално единство за сите граѓани: демократија, функционално општество и подобар живот во ЕУ. Правејќи од неа, главна опозициска партија, според значењето на темите кои ги третира.

Оттаму, анблок, целосното компромитирање на политичката партија ДУИ, без конкретни забелешки, таа перфидна генерализација, создавајќи од нив “непријател сам по себе” од страна на други политички партии кои функционираат по идентична пароткратска матрица; го доведува во прашање мотивот/е. Површно, за проекција на сопствените слабости, а суштински за проекција на статус-кво состојбата врз општеството на неодредено време.

Дали “казната”за ДУИ е нивната гласност сега за стратешката ЕУ и НАТО ориентација на државата, или нивната улога до сега? За која е пародично било кој да даде забелешка, а особено оние кои директно внатре или надвор, зависеле од таа поддршка. “Културата на сеќавање” сепак не зависи од желбата тоа да се избрише.

Како и секогаш, перцепцијата е онолку битна, колку што е битен мотивот за создавање на истата. А, пак демантот уште полесен. Се ближи нова година, а последователно и рокот за уставните измени истекува. Реалноста и делувањето, во отсуство на јасна реторика и декларативност ќе го дадат одговорот, на главната енигма со која нашата “јавност”, здружена со партиско/партократскиот позициски/опозициски сојуз, претпразнично “ги забавува” граѓаните: што е полошо, ДУИ или неотпочнувањето на ефективните преговори со ЕУ?

За ДУИ сите се гласни, но зошто се толку тивки за клучната тема за сите граѓани, и перспективата и извесноста која ни се блокира: отпочнување на преговорите со ЕУ? А, кога се интересите на државата во прашање, небитни се партиските игри и преференци. Секој дефокус има рок на траење. Единствено што нема рок на траење е намерата и вистината за неа. Значи, уставни измени, кога?

Од Фејсбук ѕидот на авторката

еу кога Никица Корубин
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.