Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Знамето на Студентскиот пленум се вееше на настапот на Ману Чао во Дојран

0
By Нова ТВ on July 20, 2015 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Тројца претставници на Студентскиот пленум вчера на завршната вечер од „Д фестивал“ во Дојран за време на настапот на Ману Чао го развеаа знамето на Пленумот на главната сцена.

Пленумци велат дека со поддршка на организаторите , тие ја искористиле приликата да му се заблагодарат на легендарниот музичар за неговото бодрење во текот на целата борба против измените во законот за високо образование и да испратат заедничка порака „Нема правда, нема мир“.

Појавувањето на Пленумците на сцената беше проследено со аплаузи од публиката, која во ист глас со нив неколку минути скандираше „Автономија“, по што продолжи забавата.

Ману Чао беше првата интернационална ѕвезда која на неколку дена од прогласувањето на автономна зона на факултетите во Скопје, ја изрази неговата поддршка објавувајќи слика на неговиот фејсбук профил на која пишуваше „Поздрав Пленумци – Скопје“.

Петнаесет дека подоцна артистот повторно објави фотографија со транспарент, на која пишуваше „Од Богота, Колумбија, до Македонија! Продолжете со добриот дух и никогаш не се откажувајте од својата борба! Максимално почитување!“.

Ваквиот потег на Ману Чао го пренесоа голем број на медиуми, а тој вчера доби и огромно „благодариме“ од Пленумците.

Вчерашниот негов настап на јубилејната пет годишнина од „Д фестивал“ го проследија илјадници посетители, а спектакуларниот двочасовен настап беше најавен со огномети.

Освен Ману Чао и неговата „La ventura”, во текот на трите фестивалски вечери посетителите имаа можност да ги слушнат Фулиш Грин, ЗАА, Љубојна Брас Фантази, ПМГ Колектив, Фјурион, Фолтин, Кирил Џајковски и ТК Вондер, како и диџеите на Антена 5.

Сите сместувачки капацитети во Дојран викендов беа преполни, а целосно беше исполнет и фестивалскиот камп, во кој беа поставени шатори и вреќи за спиење. Камперите се жалеа на лошите услови како слаб притисок од тушевите со континуирана ладна вода, и скапите цени на фестивалските вечери.

Шише вода од литар ипол на главната фестивалска сцена чинеше 200 денари, а организаторите на настанот не дозволуваа внесување од надвор ниту на храна, ниту на пијалоци.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
ФОКУС

Комунална хигиена: Нема нафта за камионите – УО бара спас од Арсовска

ВЕСТИ October 30, 2025

Управниот одбор на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје денеска упати „итна ургенција“ до градоначалничката…

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

October 27, 2025

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.