Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЗНМ: Експертизата покажа дека не треба закон за медиуми

0
By Сашка Цветковска on May 17, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Здружението на новинари денеска презентираше сериозни забелешки за новиот закон за медиуми направени од страна на британскиот експерт за медиуми Питер Норландер. ЗНМ бара повлекување на законот.

“Ова што ви го презентирав денес не е ниту 10 отсто од забелешките на експертот. Ако се прифатат овие забелешки кои што се сериозни законот би требало да се преполови. Оттука, сметаме дека најдобро решение е Владата да го повлече овој закон, да пушти во процедура писмени дополнувања на законот за радиофузна дејност во кое ќе се опфати само Европската директива за аудиовизуелни услуги”, изјави претседателот на ЗНМ Насер Селмани.

-Не може да се пропише единствен регулаторен режим за радиодифузните, печатените и интернет медиумите. Дополнително, треба да се забележи дека не постојат други земји кои се обидуваат да пропишат регулаторен режим за радиодифузните, печатените и интернет медиумите. Затоа треба да се оспори обидот да се создаде единствен регулаторен режим за сите нив во овој нов Закон за медиуми, а идејата да се преиспита, вели една од клучните забелешки во експертизата.

Забелешки има и околу составот на Агенцијата во која седумте члена ќе служат мандат од 9 години. Експертот забележува дека изборот на членови во Советот на Агенцијата не е во согласност со препораките од Советот на Европа, не ја гарантира независноста и остава голем простор за политичко влијание. Според него, вака предложениот состав остава простор лесно да се контролира работата на Советот од страна на политичките субјекти (еден член од МАНУ, еден од Советот, еден од мнозинското здружение на новинари, двајца до собраниската комисија за избори и именувања, еден од Заедниците на локалната самоуправа и еден на предлог на Претседателот на државата).

Друга сериозна забелешка се однесува на составот на Советот на МРТВ, односно јавниот сервис каде ризикот за политизација е висок. Тој смета дека ваквото решение е во директна спротивност со европските стандарди на управување со јавните медиумси сервиси.

Правниот експерт го проблематизира и членот 4 од законот кој наметнува неколку принципи за медиумите кои иако се базирани на легитимна цел, се широко дефинирани и можат да бидат подложни на злоупотреби, како на пример барањето од медиумите да ја заштитат приватноста без притоа да дозволат никаков исклучок за јавниот интерес воспоставена од судската пракса на Европскиот суд за човекови права.

Спорно е да се промени во целост радиодифузниот регулатор во време кога медиумската слобода е во опаѓање. Експертот уште на почетокот на текстот во описот на медиумските состојби во земјава изразува сомнеж дека овој процес ќе биде лесен и дека “ставено во контекст за слободата на медиуми во земјата, очекувано е преговорите и собранискоот донесување на законот ќе бидат длабоко проблематичен процес”.

Тој заклучува дека “иако македонската сцена содржи голем број на медиуми, не може да се опише како независна или плуралистична, а државата е најголем огласувач.”

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.