Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЗНМ: И Вишото обвинителство одби кривично да се гони Неделковски

3
By Нова ТВ on June 22, 2016 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) реагира на одлуката на обвинителот Шаќири од Вишото јавно обвинителство , кој оценил дека статусот со закани кон неколкумина новинари од ТВ водителот Миленко Неделковски не поттикнува омраза и насилство, туку се само искажани ставови за физички лица и го одбил барањето тој кривично да се гони.

-Обвинителот Шаќири, практично само го потврди решението на обвинителката Јасмина Костевска од Основното јавно обвинителство, која во март годинава го одби нашето барање за гонење на Неделковски. Станува јасно дека смртните закани кон новинарите се порачани од врвот на власта, која го користи Неделковски како мегафон да предизвика страв и несигурност кај новинарите и да ги одврати од намерата да пишуваат за нејзините недемократски практики на владеење, вели претседателот на ЗНМ Насер Селмани.

Неделковски пред неколку месеци на својот официјален фејсбук профил напиша:

„Кога ќе излеземе со  народот на улица, кога ќе ни преку*чи, а тоа е наскоро, јас со мојата група ќе одам по овој ред:

1.Дома кај БГ да му го исправам погледот.

Потоа кај семејството од Брајчино со сиптарска снаа. Е таму ќе има циркуси.

4.Па кај оној што дува на полноќ

5. После кај СО каде ќе го барам и брат му ВО…

И на крај кај Берович Бетон, да нарачам цемент за плочата. Желено 12-ка имам.“

milenkonedelkovski

Според претседателот на ЗНМ Насер Селмани, со оваа порака Неделковски експлицитно се заканил со линчување и покривање со бетонска плоча на новинарите Јaдранка Костова, Бранко Геровски, Борјан Јовановски, Ацо Кабранов и Сашо Ордановски.

Според Селмани, решението на обвинителот е неразумно и ја девалвира обвинителската професија.

ЗНМ повика Здружението на обвинители да го осуди ваквото решение, а Советот на јавни обвинители да се произнесе за, како што смета ЗНМ незаконското постапување на обвинителот.

Од ЗНМ најавија дека решението ќе биде доставено до сите амбасади во Скопје, но и до Правниот факултет во Скопје.

-Ќе го доставиме до сите амбасади и до Правниот факултет со цел на професорите да им послужи како пример како не треба да се однесува еден обвинител, вели Селмани.

ТВ водителот Миленко Неделковски досега во повеќе наврати е критикуван од новинарската фела, а поднесени се и кривични пријави против него за ширење на говор на омраза и дискриминација.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.