Здружението на новинарите бара од надлежните институции прво да го расветлат инцидентот со новинарите и да се утврди одговорноста за оној што го нареди нивното исфрлање од собраниската галерија, па потоа да го продолжат дијалогот со власта.
– Спремни сме како и досега сите предизвици поврзани со слободата на изразувањето да ги решаваме низ дијалог со институциите низ еден транспарентен и инклузивен процес.
– Во една земја негувањето на отворен дијалог за справување со големите предизвици претставува најдобра легитимација на нејзините демократски капацитети и европски стремежи.
– ЗНМ, како легитимен претставник на новинарите, е подготвено да го обнови дијалогот и со тоа ќе се покаже дека во Македонија се почитува слободата на изразувањето и дека секое прекршување ќе се казни. Потсетуваме дека целта на дијалогот беше да ја зајакнеме слобода на изразување и во никој случај не може да биде покритие за нејзиното прекршување“, соопшти денеска ЗНМ.