ЗНМ одбива да учествува на денешната дебата за Законот за медиуми, која се одржува во домот на АРМ, а домаќин е министерот Иво Ивановски.
Првиот човек на ЗНМ Насер Селмани за НОВА изјави дека ќе врачи писмена изјава после што ќе се повлече, протестирајќи за кршењето на договорот на Владата склучен со ЗНМ.
Поентите во оваа изјава се следниве: да се одржи дебата за Законот која би траела 3-5 месеци, во која ќе бидат вклучени сите релевантни институции и здруженија.
Освен тоа, Селмани останува на ставот дека мора да се лоцираат виновниците за црниот понеделник, односно собранискиот инцидент во кој брутално беа исфрлени новинарите и опозициските пратеници.
Оваа дебата е само еден пред доаѓањето на евро-комесарот Штефан Филе во Скопје и воедно два дена после локалните избори во Македонија.