НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЗНМ: Недостигот на правила за платена политичка реклама во онлајн медиумите создава корупциски ризици

0
By Marija Todorovska on August 15, 2025 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува сериозна загриженост за начинот на кој продолжува да се спроведува платеното политичко рекламирање (ППР) во онлајн медиумите. Во пресрет на локалните избори, ЗНМ повторно укажува на недостатокот на критериуми и регулација во овој сегмент, што овозможува „сомнителни“ портали без транспарентност да добиваат значителни буџетски средства.

Ова создава простор за злоупотреби –  дел од пријавените „портали“ се веб-страници со непознат сопственик или без импресум, често новосоздадени пред избори со единствена цел да се прелеат државни пари во партиски кампањи. Ваквата појава ја нарушува медиумската сцена и претставува потенцијална партиско-медиумска корупција, на штета на професионалните медиуми и на јавниот интерес.

ЗНМ ја поздравува иницијативата за воспоставување регистар на интернет портали при АВМУ, но бара итни чекори за усогласување на изборната регулатива со цел спречување на корупција во медиумската сфера и обезбедување фер услови за сите медиуми.

Државната изборна комисија (ДИК) објави дека oд вкупно 333 медиуми кои доставиле пријава за платено политичко рекламирање за локалните избори закажани на 19 октомври 2025, се пријавиле дури 257 интернет портали.

За споредба, на минатогодишните парламентарни и претседателски избори беше забележан рекорден интерес 251 портали се пријавиле за ППР во 2024 година. Тој број беше значително повисок и од локалните избори во 2021 година, кога учествувале 176 портали, како и од парламентарните избори во 2020 година со 235 портали. Очигледно е дека трендот на пријавување онлајн медиуми за државно платени рекламни кампањи расте со секој циклус.

ЗНМ предупредува дека актуелниот Изборен закон не поставува јасни критериуми за тоа кои онлајн медиуми смеат да добиваат средства за платено политичко рекламирање. Иако медиумите формално мора да се регистрираат во ДИК со ценовник, нема конкретни правила за условите кои треба да ги исполнуваат интернет порталите за оваа намена. Ова создава простор за злоупотреби – дел од пријавените „портали“ се веб-страници со непознат сопственик или без импресум, често новосоздадени пред избори со единствена цел да се прелеат државни пари во партиски кампањи. Ваквата појава ја нарушува медиумската сцена и претставува потенцијална партиско-медиумска корупција, на штета на професионалните медиуми и на јавниот интерес.

Меѓународните набљудувачи го делат ова мислење. Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР за изборите во 2024, во својот извештај, посочи дека  „нема специфични правила за онлајн порталите“, па многу портали се создадени непосредно пред избори токму за да добијат државни пари. ОДИХР препорача доколку овој модел продолжи да се применува, итно да се воспостават „јасни и објективни критериуми за подобност на онлајн порталите за државно рефинансирање на платени политички реклами“. Слично на тоа, и Државниот завод за ревизија во извештајот за изборите 2024 нагласи потреба од допрецизирање на изборниот законик – да се дефинираат критериуми што треба да ги исполнуваат електронските медиуми за учество во политичко рекламирање, како и прецизни правила за распределба на буџетските средства, како и определување надлежен орган за следење на претставувањето на интернет порталите за време на кампања.

Воведувањето на Регистарот на издавачи на онлајн медиуми при АВМУ претставува позитивен чекор кон зголемување на транспарентноста и професионализацијата. По иницијатива на Министерството за дигитална трансформација, со последните измени на Законот за медиуми интернет порталите првпат се препознаваат како медиуми со соодветни права и обврски. За да се регистрираат официјално, порталите сега мора да исполнат конкретни услови, меѓу кои:

да бидат правно лице регистрирано во Централниот регистар со дејност медиум;
да имаат седиште и редакција во Северна Македонија;
да поседуваат национален интернет домен (.mk или .мкд);
да имаат најмалку двајца вработени со полно работно време (или еден вработен и еден ангажиран со договор)
Овие критериуми за регистрација треба да обезбедат дека само сериозни и одговорни онлајн медиуми се стекнуваат со статус на медиум. Сепак, загрижува фактот што ниеден од овие услови не е потребен при пријавувањето во ДИК за платено политичко рекламирање – било кој портал, дури и без наведена редакција или вработени, може да се пријави за државни рекламни пари. Тоа значи дека и натаму во изборните кампањи учествуваат портали кои не подлежат на никаква проверка на кредибилност.

Досегашниот интерс за официјалниот регистар на АВМУ е скромен. Според јавно достапните информации, вкупно 49 онлајн медиуми досега се пријавиле во новиот регистар на АВМУ откако стапија во сила измените на законот. Оваа бројка претставува само 20% од бројот на портали кои лани се пријавија за државно финансирање на изборни реклами. Малата застапеност на порталите во официјалниот регистар сугерира дека поголемиот дел од оние кои добиваат буџетски средства не ги исполнуваат или не сакаат јавно да ги декларираат горенаведените стандарди.

ЗНМ потсетува дека саморегулацијата во онлајн просторот е подеднакво важна како и законската регулатива. Уште во 2019 година, ЗНМ во соработка со Советот за етика во медиумите (СЕММ) го воспостави првиот Регистар на професионални онлајн медиуми – Promedia.mk, со цел јасно разграничување на кредибилните портали од пропагандистичките сајтови. Во овој доброволен регистар моментално има 105 онлајн медиуми кои имаат транспарентна сопственичка структура и се обврзаа да ги почитуваат професионалните стандарди во новинарството. Бројот на членки на Promedia.mk е подложен на промени – се очекува да расте со приклучување нови медиуми кои ги исполнуваат критериумите, а истовремено медиуми што би ги прекршиле принципите може да бидат исклучени.

ЗНМ верува дека граѓаните, институциите и особено политичките субјекти треба да го користат овој ресурс за да направат разлика помеѓу одговорните медиуми и оние кои шират дезинформации или служат како партиски мегафони.

За да се избегне понатамошно поттикнување на корупција во медиумската сфера, ЗНМ апелира до политичките партии учесници на локалните избори кога ќе одлучуваат за начинот за распределба на јавните пари за партиски реклами да ги земат в предвид регистарот на АВМУ или регистарот на промедиа.мк за да се придонесе кон поддршка на кредибилното новинарство во интерес на граѓаните.

Во услови кога не постои надзорен механизам над интернет порталите во кампањите, политичката волја и етичкиот избор на партиите се клучни за одржување здрав медиумски амбиент.

Овие локални избори, за жал, повторно се одржуваат по стари правила, без да бидат прифатени предложените измени за поголема транспарентност во онлајн сферата. ЗНМ потсетува дека медиумските и новинарските организации повеќепати бараа измени во Изборниот законик, но тие не беа усвоени за овие избори. Поради тоа, остануваат истите проблематични решенија кои овозможуваат неправични услови на пазарот – професионалните медиуми се во неизвесна положба наспроти напливот на финансирани партиски портали.

Дополнително, кај онлајн медиумите нема обврски за балансирано изборно претставување како кај радиодифузерите, што значи дека партиите можат неограничено да финансираат одредени портали без тие да обезбедат содржина која нуди плурализам. Ваквата празнина може долгорочно да влијае врз политичкиот плурализам и правото на граѓаните на разнолики информации.

ЗНМ онлајн медиуми платено политичко рекламирање
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Единаесет лица загинаа и 130 се повредени во експлозија во фабрика во Русија

August 16, 2025

УНЕСКО бара пристап до образование за авганистанските жени

August 15, 2025

ЕУ повика на прекин на „секоја ескалација на тензиите“ во Србија

August 14, 2025

Телата на четворица мажи пронајдени во водите на Сена крај Париз

August 14, 2025

Лондон и Берлин подготвуваат директна железничка врска преку Ламанш

August 14, 2025
ФОКУС

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

ВЕСТИ August 16, 2025

„Србија не може да се смири“ е новиот слоган на протестите ширум Србија вечерва. Тие…

Гоцевски: АРСМ – перманентен стабилизатор на независноста и суверенитетот на македонската држава

August 16, 2025

Трамп ѝ понудил на Украина гаранции моделирани според Член 5 од НАТО

August 16, 2025

Собрание на Република Северна Македонија: Ништо од изменитене на Изборниот законик за процентот потписи за независни кандидати

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.