Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЗНМ: ОЈО да ја отфрли кривичната пријава кон Момировски и Милосављевиќ

0
By НОВА ТВ Balaban on December 10, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) бара од Основното јавно обвинителство (ОЈО) во Скопје да ја отфрли кривичната пријава од Агенцијата за разузнавање за новинарите Горан Момировски и Драган Милосављевиќ.

– Пред извесно време Момировски и Милосављевиќ беа поканети за давање исказ во ОЈО а повод за ова е емисијата која се емитува на ТВ Алфа со наслов „Заспиј ако можеш“ од 11ти јануари 2021 година. Укажуваме дека кривичен прогон кон новинари за дела за кои се предвидуваат повеќе години затвор, посебно од страна на безбедносни структури може дополнително да ја загрозат и така кревката слобода на изразување во нашата земја. Вакви постапки може да се толкуваат како притисок кон јавна критика посебно земајќи во предвид дека оваа емисија е објавена во јануари 2021 година, а засегнатите се повикани на давање на исказ во ОЈО кон крајот на ноември или речиси девет месеци подоцна, велат од ЗНМ.

Од здружението посочуваат дека новинарите имаат и право и обврска да се занимаваат и со теми кои се поврзани со националната безбедност, почитувајќи ги во целост етичките и професионалните стандарди во работењето.

-Доколку Агенцијата за разузнавање или било која друга институција има незадоволство од начинот на кој новинарите или медиумите известуваат за нивната работа ги охрабруваме да ги користат само/регулативните механизми.Поднесување на претставки до Советот за етика или Советот за чест е најдобар начин да се утврди дали известувањето е во согласност со Етичките принципи и стандарди на новинарската професија. Кривичните тужби кон новинари беа честа пракса во минатото и поради нив Македонија драстично падна на сите кредибилни индекси за слободата на изразување и беше перципирана како држава во која слободата на изразување и правото на информирање е ограничено, велат од ЗНМ.

да ја отфрли кривичната пријава ОЈО Скопје
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.