Анкетната комисија за 24 декември, прво да го разгледа исфрлањето на новинарите од собраниската галерија, затоа што тој инцидент е многу појасен и со ништо не е поврзан со останатите случувања во околу Собранието, побара денеска преку соопштение Здружението на новинарите на Македонија.
„Веруваме дека Анкетната комисија ќе го прифати овој предлог кој ќе овозможи брзо обновување на дијалогот на владата со ЗНМ, што е барање на Европската комисија. Со расветлување на инцидентот, Анкетната комисија ќе придонесе за отворена и инклузивна расправа за нацрт законот за медиуми и аудиовизуелни услуги предложен од Министерството за информатичко општество и администрација“, се наведува во соопштението.
Ако биде прифатен овој предлог, ЗНМ порача дека ќе ги повика новинарите активно да соработуваат и да сведочат пред Анкетната комисија.