– Имаме обврска пред самите нас како и Европската асоцијација на зоолошки градини и аквариуми од кои добиваме лиценца за чување на животните, да ја утврдиме причината за смртта на жирафата Орка, вели Дане Кузмановски од ЗОО Скопје, откако во јавноста се појавија неколку реакции а воедно и од здружението „Анима Мунди“.
Според Кузмановски, немилата вест за смртта на омиленото животно на граѓаните ќе добие свој епилог по 7 до 10 дена, и побара трпение додека надлежните ветеринарни институции не излезат со резултатите од анализите.
Тој потврди дека жирафата починала вчера околу 9 часот наутро.
Една од добрите вести е што во Зоолошката градина во Скопје пристигнати се три нови жирафи кои во моментов се во карантин. Екипата на НОВА доби ексклузивна можност „да се запознае“ и со нив.
Повеќе во видеото.